Македонски
Почетна Активности Анализа на сајтовите на претседателски кандидати, верзија 2.0
Анализа на сајтовите на претседателски кандидати, верзија 2.0 PDF Печати Е-пошта
05.04.2004
Со оглед на големиот интерес на јавноста, Метаморфозис објавува нова, дополнета, верзија на анализата на веб-сајтови на претседателски кандидати.

Со оглед на големиот интерес на јавноста, Метаморфозис објавува нова, дополнета, верзија на анализата на веб-сајтови на претседателски кандидати, состојба од 5 април 2004 година, 12:50 часот. Доколку другите кандидати објават веб-презентации, ќе биде бидат вклучени во анализите. Ставките означени со ѕвездичка (*) се променети од претходната верзија на анализата (од 2 април), или се работи за нови рубрики (како на пример, во однос на бројачите).

Кандидат Бранко Црвенковски Сашко Кедев
Адреса www.drzavnik.org.mk www.kedev.com.mk
Анализа на адресата Употребена е нестандардна транслитерација на македонскиот јазик со англиска латиница. По правило1 буквата „ж“ би требало да биде запишана со „zh“, а адресата да биде www.drzhavnik.org.mk. Избран е .com.mk домен, кој по правило се однесува на комерцијални фирми. Вообичаен домен за политички субјекти е .org.mk, па адресата би требало да биде www.kedev.org.mk.
Софтверско решение WebBuilder
(
веб билдер)
PHP Nuke
(пи-ејџ-пи или пхп нјук)
Платформа Виндоуз („Microsoft-IIS/6.0“ сервер на ОС „Windows Server 2003“) Јуникс („Apache“ сервер на ОС „FreeBSD“)
Тип на лиценца Комерцијален производ. Слободен софтвер (ГНУ/ГПЛ).
Лекториран2 Не. Не.
Употреба на „и“ со цртичка, „е“ со цртичка, „о“ со капа3 Нема. Нема.
Англиска верзија Нема. Нема.
Албанска верзија Нема. Нема.
Анкета „За кого ќе гласате“ Наведени се четирите официјални кандидати. Наведени се четирите официјални кандидати, и опциите „не сум одлучил“ и „нема да гласам“.
Интерен4 бројач на посетители* Нема. Има.
Независен5 бројач на посетители* Нема. Нема.
Јавна имејл адреса за контакт Нема. Нема.
Можности за контакт/интеракција Веб-страни со формулари („контакт“, „поставете прашање“, „книга на поддршка“) Веб страна со формулари („контакт“) и можност за коментирање на секој напис.
Модерирање на реакциите на посетителите Превентивно: коментарите прво се читаат, филтрираат, па потоа евентуално се објавуваат. Пост-фестум: коментарите прво се објавуваат, а потоа евентуално се бришат/прават невидливи.
Мејлинг листа Има. Нема.
Мултимедија: фотографии Има. Има.*
Мултимедија: аудио Има (кампањска песна). Има (кампањска песна, спотови).
Мултимедија: видео Има (спотови). Има (спотови).*
Мултимедија: стрип* Нема. Има.
Вести за поминати настани Има. Има.
Најави на идни настани Има. Има.*
Рубрика за линкови кон други сајтови* Има. Нема.

 

Забелешки:

  1. Според стандардот за користење на англиска латиница при модемско комуницирање на македонски јазик усвоен во текот на деведесеттите години и прифатен од најголем број на корисниците македонските ББС-и, стручњаци по Интернет и совесни преведувачи на англиски јазик. Верзијата за транслитерација која ја предлагаат авторите на Правописот (1998 г.) буквата „h“ ја заменува со „j“ (drzjavnik), но таа е сосем несоодветна за читање од страна на англиски говорители.
  2. Според Законот за употребата на македонскиот јазик, секој јавно објавен текст мора да биде лекториран од соодветно образовано и овластено лице (лектор), а лекторот да биде потпишан во изданието. 
  3. Букви од македонската азбука кои не ги поддржува кириличната кодна табела на Мајкрософт. На пример, „о“ со капа се употребува за зборот ôд (чекор).
  4. Апликација која известува за посетеноста на веб-сајтот и е под контрола на сопственикот/администраторот.
  5. Апликација која известува за посетеноста на веб-сајтот, но се наоѓа под контрола на друга компанија. Се активира со внесување на мало парче код во телото на сајтот и поради независноста на пресметувачот многу придонесува кон изградбата на кредибилитет и транспарентност. Еден од најпознатите такви сервиси е Сајтмитер (www.sitemeter.com).
 

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Метаморфозис на социјални мрежи


Facebook Twitter
Flickr YouTube

Наши изданија

ping_logo

Приватност на интернет на лесен начин

Filmovi-opme
Igri-opme

sajt_na_denot
sakas_da_volontiras

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5