|
14.12.2009 |
Фондацијата Метаморфозис донираше два персонални компјутери во Хаклабот „КИКА“, кој го води Слободен софтвер Македонија. Хаклабот КИКА (Информации. Култура. Автономија) е реализација на долгогодишната идеја за еден јавен простор – т.н. технолошка автономна зона - кој ќе се занимава со технологијата и нејзиниот пресек со културата, новите медиуми и општеството.
Оваа донација на фондацијата Метаморфозис е дел од проектот за повторна употреба на користени компјутери од програмата за е-инклузивност. Метаморфозис ги поканува фирмите и организациите кои имаат компјутери кои не ги користат да се придружат на оваа активност.
|