|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Најава: Четири работилници на тема „Инклузивна е-власт“
|
|
|
|
Најава: Четири работилници на тема „Инклузивна е-власт“ |
|
|
|
7.12.2007. |
|
Во текот на месец декември, 2007 г., ќе се одржат четири работилници во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“.
Работилниците ќе се организираат во следните градови:
- 11 декември 2007 г., Белград, Србија, организирана од Белградска отворена школа (БОШ)
- 13 декември 2007 г., Загреб, Хрватска, организирана од ЗаМирНет
- 13 декември 2007 г., Сараево, Босна и Херцеговина, организирана од OneWorldSEE
- 20 декември 2007 г., Подгорица, Црна Гора, организирана од Институт за стратешки студии и прогнози
Проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“ има за цел да ја зајакне соработката и координацијата помеѓу сите релевантни чинители, носители на одлуки, владини претставници, како и претставници на деловниот, академскиот и невладиниот сектор за да се подобри квалитетот и подигне нивото на употребливост и пристапност на услугите што се нудат од јавната администрација по електронски пат.
Со проектот се формира мрежа на партнери кои заеднички работат со клучните заинтересирани страни, особено со претставниците на државните администрации, на собирање информации за стратешките определби, тековните состојби, лобирање и застапување за подигање на јавната свест за инклузивноста при градењето на е-власт.
Во рамките на проектот се одржаа и претходните работилници на тема „Инклузивна е-власт“ во Скопје (23-ти ноември) и Тирана (26-ти ноември), како и конференцијата „е-Општество.Мк 2007“ во Скопје на 29-ти и 30-ти ноември, 2007 г.
(5388 hits/посети) |
|