Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Во Холандија 83 отсто од граѓаните се на интернет
Во Холандија 83 отсто од граѓаните се на интернет Испечати Е-пошта
10.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Европјаните се повеќе користат интернет, покажуваат податоците на европскиот статистички институт Еуростат.

Но, сепак, разликите меѓу земјите-членки на ЕУ во однос на користењето на глобалната мрежа се значителни, бидејќи во првото тримесечје годинава пристап до интернет имале само 19 отсто од Бугарите, 22 отсто од Романците и 25 отсто од Грците, додека во Холандија тој показател е 83 отсто, во Шведска 79 отсто и 78 проценти во Данска.

Годишната анкета на овој институт покажува дека интернет телефонија во првото тримесечје на 2007 година користеле 15 отсто од Европјаните, во споредба со девет отсто во првото тримесечје на 2006 година и седум отсто во истиот период во 2005 година.

Шеесет и четири отсто од домаќинствата во Европа имале пристап до интернет во првото тримесечје на 2007 година, во споредба со 49 проценти една година порано.

Се повеќе Европјани користат он-лајн дискусиони форуми и тоа 24 отсто во првото тримесечје на 2007 година, во споредба со 18 отсто за истиот период на 2006 и 2005 година.

Извор: Вечер „Во Холандија 83 % од граѓаните се на интернет“ (5.12.2007)


(3464 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]