Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow ЕДРИ arrow Напредок во иницијативата на ЕУ за европски дигитални библиотеки
Напредок во иницијативата на ЕУ за европски дигитални библиотеки Испечати Е-пошта
11.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Официјализирана спогодбата меѓу европските библиотеки, архиви и музеи за создавање на европска дигитална библиотека со која би се овозможил пристап до заедничкото европско културно и научно наследство.

На 27-ми ноември 2007 г., на состанокот на високата група за дигитални библиотеки и претставници на Европската комисија беше официјализирана спогодбата меѓу европските библиотеки, архиви и музеи со цел да се создаде една европска дигитална библиотека со која би се овозможил пристап до заедничкото европско културно и научно наследство.

Иницијативата на Европската унија за европските дигитални библиотеки е дел од „и2010: Европско информатичко општество 2010“ иницијатива започната во јуни 2006 г. со цел да се „потпомогне развојот и отворањето на работни места во информатичкото општество и медиумските индустрии“, по што следеше, во Август 2006, усвојувањето на Препораката за дигитализација и дигитално зачувување со која се повикуваат „земјите-членки на ЕУ да формираат институции за забрзување на процесот на поставување на европското културно наследство на интернет преку Европската дигитална библиотека“.

Во овој контекст, земјите-членки беа поттикнати да работат на прашања поврзани со авторските права и „систематското зачувување на дигитални содржини со цел да се обезбеди долгорочен пристап до материјалот“. Идејата за европски дигитални библиотеки беше поддржана од министрите за култура на сите земји-членки на ЕУ и со резолуција усвоена од Европскиот парламент на 27 септември 2007 г.

Неодамна беше формирана фондација за Европската дигитална библиотека која ги соединува европските асоцијации на музеи, библиотеки и архиви. Според Комесарот за информатичко општество и медиуми - Вивиен Рединг, формирањето на фондацијата „укажува на посветеноста на европските институции на културата да работат заеднички и на јавноста да и’ обезбедат достапност и можност за пребарување на нивните архиви преку заедничка и повеќејазична точка за онлајн пристап“.

Формирањето на прототипот - Европска дигитална библиотека е планирано за месец ноември 2008 г. Прототипот ќе овозможи директен пристап до најмалку 2 милиони дигитални книги, записи, фотографии, мапи, филмови од европските библиотеки, архиви и музеи. Предвидено е дека до 2010 г. дигиталната библиотека ќе ги надмине првично предвидените 6 милиони дигитални предмети.

Успехот на оваа иницијатива зависи од финансирањето на дигитализацијата и изнаоѓањето решенија со кои би се овозможило делата со заштитени авторски права да се пребаруваат преку Европската дигитална библиотека. Од таа причина, дискусиите за време на состанокот на 27 ноември беа фокусирани на пронаоѓање нови начини за финансирање на дигитализацијата преку јавно-приватни партнерства, изнаоѓање решенија за масовна дигитализација на дела кои се излезени од печат и дела-сирачиња како и на прашања во врска со пристапот до научни информации и нивното зачувување.

Групата одлучи дека треба да се постигне спогодба до јуни 2008 за справување со делата-сирачиња кои би вклучувале критериуми за барање на иматели на правата и исто така беше постигната спогодба меѓу библиотеките, научниците и научните издавачи за да се испроба отворен пристап до научните публикации кои беа „под ембарго“ во изминатиот период.

Започнат процесот за формирање на Европска дигитална библиотека (28.11.2007)

ЕДРИ-грам: Резолуција на Европскиот парламент за Европска дигитална библиотека (10.10.2007)

ЕДРИ-грам: Расчистување на авторските права за европскиот проект за дигитални библиотеки (25.4.2007) 
(3473 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]