|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Публикација: Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа
|
|
|
|
Публикација: Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа |
|
|
|
12.12.2007. |
|
Публикацијата „Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа“ беше јавно презентирана во рамките на третата меѓународна конференција „e-Општество.Мк“ која се одржа на 29-ти и 30-ти ноември, 2007г., во Скопје. Пред домашната и меѓународната јавност беа претставени дел од техничките и информатичките стандарди и препорачани политики со цел постигнување на интероперабилност во работењето на државната управа во Македонија.
Имплементацијата на овие препораки за стандарди за ИКТ би предизвикала зголемена ефикасност и ефективност во работењето на државната администрација, зајакната интер/интра комуникација меѓу институциите, граѓаните и надворешниот свет и би го подобрило обезбедувањето на услугите на државните инститиции кон граѓаните и останатите засегнати страни. Во изготвувањето на оваа публикација беа вклучени ИТ лица вработени во државната управа и независни експерти и консултанти.
Овој документ е дел од потпишаниот договор за соработка меѓу Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на РМ, а е реализиран во партнерство со Фондацијата Метаморфозис.
„Препораки за стандарди за
ИКТ во државната управа“ е достапен тука
(6174 hits/посети) |
|