|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Виндоуз за „БЈРМ“ на „БЈР македонски“!?
|
|
|
|
Виндоуз за „БЈРМ“ на „БЈР македонски“!? |
|
|
|
3.06.2004. |
|
Студентите на Филолошкиот факултет реагираат на проектот на Мајкрософт.
На конференцијата „Визија“, што ќе се одржи денеска и утре, компанијата Мајкрософт ќе презентира македонска верзија на програмата Виндоуз, проверувач на правописот, на што регираат од Сојузот на студентите на Филолошкиот факултет во Скопје.
„Загрижува начинот на кој се подготвуваат овие верзии. Мајкрософт и неговите претставници досега не дале никаква информација за тоа каде се подготвува новата верзија и, уште поважно, кој ја подготвува и дали се консултирани релевантните институции кои се најодговорни за македонскиот јазик и писмо“, се наведува во соопштението на Сојузот.
„Се добива впечаток дека Мајкрософт мошне несериозно, да не кажеме без никаков респект, се однесува кон македонскиот јазик и писмо, како и кон целата држава воопшто“, забележуваат студентите, и како пример се посочувадека оваа компанија употребува „БЈРМ“ во именувањето на Република Македонија и „БЈР македонски“ наместо македонски јазик.
Сојузот на студенти на Филолошкиот факултет ги повикува одговорните институции, доколку се консултирани, да го кажат својот став во врска со македонската верзија на Виндоуз, или да се заложат таа да не биде објавена без нивно одобрение. (2703 hits/посети) |
|