Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Слободниот софтвер наспроти корпорациските џинови
Слободниот софтвер наспроти корпорациските џинови Испечати Е-пошта
14.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Се поголем е бројот на програмери на слободен софтвер кои денес се вработени во компании, во кои се платени за работа на проекти од областа на слободен софтвер, отколку бројот на програмери кои тоа го прават за забава.

Оваа промена покренува разни прашања во однос на проектите, програмерите и работодавците, соодветно. Неколку компании преминуваат во арената на слободниот софтвер, што води до создавање на армија од програмери, платени од компаниите кои преминуваат во заедницата на слободниот софтвер, изјави Сајмон Фипс, извршен директор за слободен софтвер на Сан, во петокот за време на ФОСС.ИН, конференцијата за слободен софтвер одржана во Бангалор, Индија.

Од овој развој произлегува прашањето: Како можат програмерите на слободен софтвер кои се на платните списоци на компаниите да ја заштитат својата слобода и права наспроти барањата на нивните работодавци, и да одолеат на влијанијата на компанијата кои можат да бидат спротивни на интересите на заедницата на слободниот софтвер?

За време на конференцијата, програмер вработен во индиска владина институција се пожали дека со одредбите од неговиот договор за вработување, од него се бара на компанијата во која работи да и’ го предаде целиот софтвер кој тој го развил, дури и надвор од работното време.

Во таа насока, Дениз Купер, член на бордот на директори на Иницијативата за слободен софтвер (ОСИ), којa исто така го советува Интел околу неговата стратегија за слободен софтвер, посвети цела сесија во петокот за време на истата конференција со цел да ги посочи стратегиите кои вработените можат да ги користат за да ја заштитат својата самостојност од „корпорациската машинерија“ која е моќна и отпорна на промени.

Според Купер, во минатото, компаниите ги присвојуваа правата над кој било софтверски код создаден од нивните вработени, но се случија и некои промени, на пример во Калифорнија каде со договорите за работа сега се дозволува вработениот да го задржи правото над својот труд вон работното време.

„Компаниите се раководат според профитот, и од нив се бара да работат добро за нивните акционери. За да остварат профит, компаниите ќе ги менуваат своите стратегии на секои три месеци, и вработените често работат на проекти кои се прекинуваат, изјави Купер.

„Компаниите ги сметаат своите вработени за компатибилни компоненти, соодветни за разни работни места,“ рече Купер која исто така додаде дека оваа перцепција полека се менува бидејќи компаниите се соочуваат со одлив на вработени.

„Исто така, наместо да ги олеснуваат, компаниите повеќе се стремат да раководат со проекти за слободен софтвер, во корист на нивните деловни цели, рече Купер. Тие бараат, на пример, нивниот персонал да работи на проекти за слободен софтвер кои се од интерес на компанијата. Компаниите создадоа модел на работа кој им овозможува да предвидат колку ќе чини нешто да се направи, кога ќе биде завршено, и иако треба да се променат, потребно им е време.“ додаде Купер.

Извор: НетворкВорлд


(3815 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]