|
Холандската влада постави рок до април 2008 г., во кој нејзините
агенции треба да започнат со користење на софтвер со отворен код, кој секој ќе
може да го менува и кој е компатибилен со различни видови на
технологија.
Владините институции сé уште ќе може да користат заштитен софтвер и формати, но тоа ќе мора да го оправдаат, изјави Едвин ван Ширенбург.
Според Ван Ширенбург, планот бил едногласно усвоен на состанокот на две собраниски комисии одржан во средата.Многу влади низ светот започнаа со тестирање на слободен софтвер со цел да ги намалат трошоците и да ја елиминираат зависноста од компании како Мајкрософт. Сепак, Холанѓаните беа меѓу најенергичните во тој процес.
Евидентно е дека со оваа политика се насочуваат владините институции на национално ниво да бидат подготвени за користење на отворениот формат на документи, или ОДФ, за зачувување на текстуални датотеки до април, а на државно и локално ниво до 2009 г. Исто така, според оваа политика владите треба да претпочитаат слободен софтвер и датотеки, подеднакво, секогаш кога тоа е можно. Според Ван Ширенбург, владата проценува дека годишно ќе се заштедуваат 8.8 милиони долари само на списоците за домаќинства во градовите откако ќе се премине на стандардот Open Document Format (ODF).
Мајкрософт побрза да добие сертификат за „отворен код“ за својот Open Office XML стандард, но сé уште нема одобрение од Организацијата за меѓународни стандарди, авторитетот за сертификати признаен од холандската влада.
Ханс Бос, портпаролот на Мајкрософт Холандија, истакна дека Ворд документите на Мајкрософт се сé уште дозволени како еднаква алтернатива на ОДФ во моментот, и додаде дека очекува компанијата наскоро да добие одобрение за стандардот Open Office XML да биде квалификуван како „отворен“.
Меѓутоа, тој изјави дека компанијата е загрижена и се спротивставува на некои други аспекти од холандската политика. Според него, одредбата со која се наведува дека владините агенции треба да преферираат слободен софтвер била премногу рестриктивна.
„Мислиме дека не е во најдобар интерес на поширокиот софтверски пазар на ваков начин да се издвојува и поддржува само еден модел,“ изјави портпаролот на Мајкрософт.Во продолжение, тој додаде дека доколку се примени строгата техничка дефиниција која холандската влада ја користи за да го дефинира „отворениот код“, ќе ги спречи владините тела да употребуваат многу корисни индустриски стандарди.На пример, ќе се забрани користењето на GSM, Wifi, Mp3, Mpeg2, Mpeg4 и Bluetooth, стандарди кои се широко прифатени, но заштитени и лиценцирани,“ изјави Бос.
Министерот за економија Франк Хемскерк, во средата исто така најави планови за отворање на канцеларија за техничка поддршка на агенциите кои започнуваат со примена на слободен софтвер и нова агенција која ќе проверува дали владините тела ја следат директивата.
Градот Амстердам вршеше тестирање на едно целосно преминување кон слободен софтвер, вклучувајќи и користење на оперативни системи базирани на Линукс на сите компјутери, во Секторот за домување и една од неговите регионални канцеларии во Зибург.
Повеќе други европски градови, особено Минхен, Германија и Виена, Австрија, делумно или главно преминаа кон системи со слободен софтвер, но тие се сепак многу мал дел од целокупниот пазар.
Извор: ЛинуксИнсајдер
(5239 hits/посети) |