Македонски

Ден на побезбеден интернет 2010 во Македонија

Метаморфозис го одбележува Денот за побезбеден интернет со потсетување на основните принципи и научни резултати, јавно предавање и учество на јавни расправи.

http://www.metamorphosis.org.mk/mk/aktivnosti/1625-den-na-pobezbeden-internet-2010-vo-makedonija

Фондацијата Метаморфозис во нови простории

Новата адреса на Фондацијата Метаморфозис е ул. „Апостол Гусларот” бр. 40, Скопје, во близина на основното училиште „Јохан Хајнрих - Песталоци“.

Локација на Фондацијата Метаморфозис

Две илјади апликации со отворен код за јавниот сектор

Опсерваторијата и складиште за отворен изворен код на ЕУ (OSOR.eu) од денес им овозможува пристап на јавните администрации до повеќе од две илјади бесплатни апликации со отворен изворен код.

ЕДРИ | 9.2.2010

Комесарот Крос околу неутралноста на интернетот

На 14 јануари 2010 година, Нели Крос, поранешниот Комесар за конкуренција, имаше интервју со Комитетите на Европскиот парламент за внатрешниот пазар и индустрии, како лице назначено на позицијата коме...

ЕДРИ | 4.2.2010

Италија сака да се воведе дозвола за поставување видеа на интернет

Италијанската влада планира да донесе нова уредба со која од луѓето што качуваат видеозаписи на интернет ќе се бара да имаат овластување од Министерството за врски, исто како и телевизиите.

ЕДРИ | 1.2.2010

ОБСЕ бара од Турција да ги промени законите кои дозволуваат блокирање на интернет

Претставникот за слобода на медиуми од ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) Миклош Харашти на 18 јануари побара од турската влада да го измени законот за интернет за да се придржува...

ЕДРИ | 29.1.2010

Обележан Европскиот ден на заштита на личните податоци

На 28-ми јануари, во периодот од 10 до 14 часот, граѓаните на Република Македонија имаа можност да се информираат за прашања од областа на приватноста во ЕУ Инфоцентарот. Настанот го организираше и сп...

Македонија | 28.1.2010

Манифест за јавниот домен

Нов јавен манифест наречен Манифест за јавниот домен беше објавен на 25 јануари, 2010 година, како документ изработен во текот на последните две години во рамките на КОМУНИЈА, Европската тематска мреж...

ЕДРИ | 28.1.2010

Ирски закон за ДНК база на податоци

Ирската Влада најави дека оваа недела ќе го објави законодавството за воспоставување на национална ДНК база на податоци.

ЕДРИ | 26.1.2010

Друго во: ЕДРИ, Свет, Македонија


Компјутерите ќе им прозборат на слепите лица на македонски PDF Печати Е-пошта
18.12.2007
Слепите лица во земјава првпат ќе може на своите компјутери да читаат текстови на македонски јазик, да праќаат електронски пораки, да бидат дел од информатичкото општество.

Ова ќе значи можност да се олесни еден од најголемите проблеми на слепите лица - комуницирање со околината, вели Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепите на Македонија

Текстот ќе се претвори во звук и ќе внесе зрак светлина во мракот. Слепите лица во земјава првпат ќе може на своите компјутери да читаат текстови на македонски јазик, да праќаат мејлови, да бидат дел од информатичкото општество. Ова ќе им биде овозможено преку посебните програми, кои заеднички ги реализираа компјутерската фирма „Семос“ и весникот „Дневник“. Презентацијата на проектот, кој значително ќе им ги олесни досегашните проблеми на слепите при користењето на компјутерите, ќе се одржи на 19 декември, во Сојузот на слепите на Македонија.

Од тој ден, слепите лица не само што текстовите на компјутерските екрани ќе ги читаат на македонски јазик, туку со двете изработени програми - НВДА, електронски читач на екранот, и гласовниот синтетизатор „и-спик“ - ќе можат да ги заменат целосно скапите програми што се набавуваа од другите земји.

Двата програма за читање ќе бидат бесплатни за слепите лица. Тие досега можеа да набават читачи на екранот и синтетизатори на гласови од други земји. Но, синтетизаторите не можеа да ги читаат сите букви од македонската азбука, а и не се евтини - чинат до 2.000 евра. Толкав издаток досега не можеа да си дозволат лицата со оштетен вид, кои најчесто се невработени или имаат скромни месечни примања.

Герасим Ванчев, директор на „Семос“, вели дека главниот мотив со кој се раководеле во овој проект била желбата да им помогнат на слепите лица.

- Без вакви програми слепите многу тешко можат да ги користат компјутерите. Нивната висока цена претставува дополнителна бариера за што поголема употреба на компјутерите од страна на слепите лица. Програмите што ги адаптиравме во нашата фирма и кои ќе може бесплатно да се користат, ќе доведат до масовна употреба на компјутерите од страна на слепите лица - истакнува Ванчев.

Тие програми претставуваат техничка основа, која во иднина постојано ќе се надградува. Се очекува во развојот на овој проект да се вклучат владини и невладини организации. Во Сојузот на слепите на Македонија го поздравија овој проект.

- Не треба посебно да се објаснува колку ќе им значи да можат да користат интернет, да комуницираат со други луѓе преку електронски пораки, самостојно да пишуваат текстови на компјутер. Ова ќе значи решавање на еден од најголемите проблеми на слепите лица - комуницирање со околината.

Извор: Дневник

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon    Kajmak.ot
 

Наши изданија

Претплатете се на нашиот е-билтен

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5