Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Компјутерите ќе им прозборат на слепите лица на македонски
Компјутерите ќе им прозборат на слепите лица на македонски Испечати Е-пошта
18.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Слепите лица во земјава првпат ќе може на своите компјутери да читаат текстови на македонски јазик, да праќаат електронски пораки, да бидат дел од информатичкото општество.

Ова ќе значи можност да се олесни еден од најголемите проблеми на слепите лица - комуницирање со околината, вели Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепите на Македонија

Текстот ќе се претвори во звук и ќе внесе зрак светлина во мракот. Слепите лица во земјава првпат ќе може на своите компјутери да читаат текстови на македонски јазик, да праќаат мејлови, да бидат дел од информатичкото општество. Ова ќе им биде овозможено преку посебните програми, кои заеднички ги реализираа компјутерската фирма „Семос“ и весникот „Дневник“. Презентацијата на проектот, кој значително ќе им ги олесни досегашните проблеми на слепите при користењето на компјутерите, ќе се одржи на 19 декември, во Сојузот на слепите на Македонија.

Од тој ден, слепите лица не само што текстовите на компјутерските екрани ќе ги читаат на македонски јазик, туку со двете изработени програми - НВДА, електронски читач на екранот, и гласовниот синтетизатор „и-спик“ - ќе можат да ги заменат целосно скапите програми што се набавуваа од другите земји.

Двата програма за читање ќе бидат бесплатни за слепите лица. Тие досега можеа да набават читачи на екранот и синтетизатори на гласови од други земји. Но, синтетизаторите не можеа да ги читаат сите букви од македонската азбука, а и не се евтини - чинат до 2.000 евра. Толкав издаток досега не можеа да си дозволат лицата со оштетен вид, кои најчесто се невработени или имаат скромни месечни примања.

Герасим Ванчев, директор на „Семос“, вели дека главниот мотив со кој се раководеле во овој проект била желбата да им помогнат на слепите лица.

- Без вакви програми слепите многу тешко можат да ги користат компјутерите. Нивната висока цена претставува дополнителна бариера за што поголема употреба на компјутерите од страна на слепите лица. Програмите што ги адаптиравме во нашата фирма и кои ќе може бесплатно да се користат, ќе доведат до масовна употреба на компјутерите од страна на слепите лица - истакнува Ванчев.

Тие програми претставуваат техничка основа, која во иднина постојано ќе се надградува. Се очекува во развојот на овој проект да се вклучат владини и невладини организации. Во Сојузот на слепите на Македонија го поздравија овој проект.

- Не треба посебно да се објаснува колку ќе им значи да можат да користат интернет, да комуницираат со други луѓе преку електронски пораки, самостојно да пишуваат текстови на компјутер. Ова ќе значи решавање на еден од најголемите проблеми на слепите лица - комуницирање со околината.

Извор: Дневник


(4593 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]