|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Резиме од работилницата „Инклузивна е-власт“ одржана во Белград
|
|
|
|
Резиме од работилницата „Инклузивна е-власт“ одржана во Белград |
|
|
|
18.12.2007. |
На 11.12.2007 во хотелот Палас во Белград се одржа работилницата на тема „Инклузивна е-власт“. На работилницата присуствуваа повеќе од 40 претставници од владини тела и релевантни организации, како и гости од Босна и Херцеговина, Република Македонија и Црна Гора.
Работилницата започна со воведниот говор на Слободан Вучковиќ од
Републичкиот завод за информатика и интернет (РЗИИ) на Република Србија
и Милорад Бјелетиќ од БОШ (Белградска отворена школа) Тие накусо го
презентираа порталот www.euprava.gov.yu за кој повеќе се зборуваше во
понатамошниот тек на работилницата (степенот на софистицираност на
е-услугите оценети со истражувањето направено според методологијата на
Европската комисија).
Наташа Радовиќ од БОШ и Марија Кујачиќ од РЗИИ ги претставија целите на
работилницата и планот за работа по што своја презентација за eSEE
агендата и иницијативите за развој на е-управата, како и примери за
добра пракса во рамките на eSEE иницијативата имаше г-а Маријана Видас
Бубањ.
Првиот дел од работилницата заврши со кусата презентација на г-а Јелена
Маниќ од CePIT (Центар за проучување на информатичката технологија) при
БОШ, која зборуваше за е-власта во стратешките документи кои ги усвоила
Владата на Република Србија (Стратегијата за развој на информатичко
општество, eSEE агенда +, Стратегијата за реформа на државната управа и
Стратегијата за приклучување на СЦГ кон ЕУ).
Потоа следеа презентациите на искуствата со е-услугите од соседните
земји. Најнапред г. Сањин Бужо од Босна и Херцеговина ги презентираше
е-услугите во нивната земја како и оценките за нивото на
софистицираност на тие услуги. Потоа Мирза Мулешковиќ од Институтот за
стратешки студии и прогнози од Подгорица (ISSP) зборуваше за состојбите
со е-услугите во Црна Гора. Гоце Арменски ги претстави состојбите со
е-услугите во Република Македонија и прикажа некои статистички податоци
и оценки за нивото на софистицираност на услугите направено според
методологијата на Европската комисија.
Работилницата продолжи со презентацијата на г-а Марија Кујачиќ од РЗИИ
која зборуваше за иницијативите за развој на е-управа во Република
Србија.
Последната сесија од работилницата беше наменета за подигање на нивото на софистицираност на е-услугите во Србија.
На работилницата како претставници од Македонија учествуваа Билјана
Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци, Гоце Арменски од
Економски факултет – Скопје, Тони Пајдаков од Здружение на слепи –
Велес и Ана Трповска од фондацијата Метаморфозис.
(6041 hits/посети) |
|