ОпенЛоџик - провајдер на решенија за слободен софтвер за компании, соопшти дека ќе изврши глобален попис за одредување на степенот на употреба на слободниот софтвер во бизнисите.
Организаторите на пописот се амбициозни во нивниот проект, кој има за цел прибирање и споделување на квантитативни податоци околу тоа колку инсталации од секој пакет на слободен софтвер има во компаниите низ светот.
„Свесни сме дека тоа е многу амбициозна цел, но треба да се има пошироко рамниште на размислување. Секако, знаеме дека не можеме да го изброиме секој пакет на слободен софтвер во секоја компанија, но веруваме дека може да се добие доволно добра претстава“, велат организаторите.
Во рамките на пописот, учесниците можат да симнат софтверска алатка, ОСС Дискавери, за да ги анализира нивните компјутери со цел да се утврди бројот на програми (од слободен софтвер) кои се користат.
Анализите ќе соберат информации за пописот, додека учесниците ќе останат анонимни.
Пописот ќе се одвива во неколку фази во текот на наредните шест месеци. Првата фаза од проектот започна со промовирањето на ОСС Дискавери под лиценца на слободен софтвер и поканата до развивачите на софтвер со отворен код, како и до големите независни продавачи на софтвер да се придружат на проектот за попис на слободниот софтвер.
„Добивањето на информација од прва рака за начинот на кој претпријатијата користат слободен софтвер е од големо значење.“ изјави Џим Џагилски, главен технички офицер на Ковејлент технолоџис и претседател на бордот на директори на фондацијата Апачи софтвер.
„Пописот на слободниот софтвер може да биде корисен за нови проекти, како и за проекти кои се во тек, бидејќи ќе може да се процени интересот на компаниите и приемот на тие проекти, како и виталноста на нивните заедници“ изјави Џагилски.
Доколку сакате повеќе информации за проектот и сте заинтересирани за учество, кликнете овде .
Преземете го ОСС Дискавери
Извор: Тектоник
(3504 hits/посети) |