Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Презентирање на софтверот за вокална интерпретација на компјутерски содржини наменет за слепите лица
Презентирање на софтверот за вокална интерпретација на компјутерски содржини наменет за слепите лица Испечати Е-пошта
20.12.2007.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Како што беше претходно најавено, на 19 декември, среда, во Сојузот на слепи, се одржа прес конференција чија цел беше запознавање на јавноста со проектот за развој на софтвер за лицата со оштетен вид, како и презентација на она што е досега постигнато во тој правец.

Софтверот кој веќе е достапен за корисниците овозможува препознавање на буквите на екранот и нивно говорно интерпретирање. Како резултат на препознавањето на кириличните букви, слепите лица имаат можност да комуницираат по пат на имејл, да разговараат со пријателите со помош на популарните чет програми, како и да слушаат содржини кои се напишани на веб страниците. Она што е важно е дека софтверот е компатибилен со поголем број компјутерски програми меѓу кои се алатките од пакетот за канцелариско работење и оние кои се неопходни за работа на Интернет.

На прес конференцијата, Катерина Блажевска, главниот и одговорен уредник на весникот Дневник, кој е инаку медиумски спонзор на проектот, повика на секаква помош од страна на организациите кои сакаат да допринесат за понатамошно развивање на софтверот. Имено, сите оние кои се чувствуваат подготвени, можат да работат на доразвивање на софтверот, да се вклучат во компјутерски обуки кои ќе им помогнат на корисниците во стекнувањето на неопходни вештини за работа на компјутер, како и обуки за користење на самата програма.

На проектот почнало да се работи пред 6 месеци, за што е добиена помош од странство, пред се од Хрватска и Англија. Истиот е инициран од страна на Марјан Јанев, вработен во македонското радио и член на Сојузот на слепи лица кој ја добил оваа идеја и покажал упорност во желбата за нејзино спроведување. Проектот е поддржан и од владата. Министерот задолжен за развој на информатичкото општество во Македонија, М-р Иво Ивановски ја поздравил идејата и најавил идна владина помош која би требало да се состои во донација на компјутери и организирање на соодветни обуки за крајните корисници на софтверот.

На крајот од прес конференцијата, софтверот беше презентиран служејќи се со еден текст кој беше прочитан од веб сајтот на Дневник, како и еден скениран текст кој и покрај недостатоците со кои се здобил во текот на неговата дигитализација, овозможуваше разбирливост на содржината. Засега, квалитетот на говорот е солиден. Со оглед на тоа што ова е проект направен од љубов и со голема волја, како за прв чекор, софтверот покажува одлични резултати. Ова е прв пат, лицата со оштетен вид од нашата земја да можат да се служат со компјутерските алатки и пред се со оние кои овозможуваат работа на Интернет.

Најважно од се е тоа што се работи за софтвер со отворен код, така што секој којшто е компетентен може да се вклучи во неговото доусовршување. Некои од главните цели за кои постои силен стремеж да се постигнат во иднина е воведување на емоции во говорениот текст, подобро препознавање на интерпункцијата итн. Софтверот набргу ќе може да се преземе од страниците на Семос кои се спроведувачи на проектот, како и од официјалниот сајт на Сојузот на слепи. Многу невладини организации веќе имаат покажано заинтересираност да помогнат за поуспешно реализирање на проектот во иднина, меѓу кои е и Фондацијата Метаморфозис.


(3690 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]