|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Филипинци нудат слободен софтвер за мониторинг на човековите права
|
|
|
|
Филипинци нудат слободен софтвер за мониторинг на човековите права |
|
|
|
21.12.2007. |
Членовите на една филипинска организација на компјутерски професионалци промовираа слободен софтвер наменет за организациите за човекови права.
Збирот од алатки кои спаѓаат во слободен софтвер може да им помогне на организациите за заштита на човекови права во документирањето, кампањите за мониторинг и подигање на свеста, изјави Рик Бахаг, член на Унијата на компјутерски професионалци (ЦПУ), организација на филипински програмери и развивачи на системи.
Во едно интервју, Бахаг изјави дека овој проект, наречен „Карапатан“ е започнат пред три години откако Сојузот за унапредување на човековите права, организација за човекови права, побарала од оваа група да помогне да се документираат прекршувањата на човековите права на Филипините.
„Всушност, проектот беше изведен во координација со нив“. Но, беше дизајниран како доволно општ и заеднички, за да би можеле да го користат и други организации за човекови права, дури и оние кои не се наоѓаат на Филипините,“ изјави Бахаг.
Според Бахаг, слободниот софтвер е понуден по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права (10-ти декември). Софтверската алатка ќе им помогне на корисниците да подготвуваат извештаи, да ја организираат документацијата и извештаите за инциденти.
„Со оваа алатка речиси сите региони ќе треба да го следат истиот процес на документирање, обрасци итн. Тоа би им овозможило да ги зачувуваат податоците во една заедничка база на податоци којашто придонесува за подготвување на полесни, попрецизни извештаи,“ додаде Бахаг.
„Прекршувањата на човековите права се класифицираат според категориите кои ги дефинира организацијата која го развива овој софтвер и сторителите на овие прекршувања се поврзани со одредени инциденти. Овој софтвер ќе биде издаден под лиценцата ГНУ/ГПЛ – верзија 3 со надеж дека ќе биде од корист за многу невладини организации и организации за човекови права, во и надвор од Филипини. Со лиценцата ГНУ ГПЛ се дозволува редистрибуција и модификација на софтверот за разлика од рестриктивниот заштитен вид на лиценца“ соопшти ЦПУ.
ЦПУ е поборник за слободниот софтвер и софтверот со отворен код (ФОСС) во Филипини.
„Овие проекти на ЦПУ се доказ дека ФОСС е достојна замена дури и за многу специфични алатки на невладините организации,“ изјави Бахаг. „Софтверот е исто така наш мал придонес за многуте жртви на прекршувања на човековите права од страна на режимот, како што неодамна изјави проф. Филип Алстон.“
Софтверската алатка може да се преземе од онлајн складиштето на Гугл
Извор: ЦПУ
(3797 hits/посети) |
|