Со новиот документ за политики подготвен од Европската комисија (ЕК), станува евидентна нејзината намера да се промовираат нови мерки за борба против нелегалното споделување на датотеки.
Со новиот документ за политики подготвен од Европската комисија (ЕК), станува евидентна нејзината намера да се промовираат нови мерки за борба против нелегалното споделување на датотеки, земајќи ја како позитивен пример француската спогодба помеѓу интернет провајдерите и издавачката индустрија, која веќе беше презентирана во ЕДРИграм.
Документот за политики добиен од ЕурАктив и насловен „Креативни содржини на интернет во единствениот пазар“ има за цел да ги вклучи сите засегнати страни во активностите против пиратеријата: „Се чини дека е соодветно да се започнат процедури на соработка помеѓу провајдерите на пристап и услуги, сопствениците на права и потрошувачите“.
Во коминикето на Комисијата исто така се спомнува создавањето на нови правни понуди за дигитални содржини достапни за потрошувачите, образовни програми за подигање на свеста околу авторските права и достапноста на дигиталните содржини на единствениот пазар, предложувајќи мултинационални лиценци за авторски права и интероперабилност на платформите кои нудат дигитални содржини.
Пазарот на дигитални содржини се очекува да достигне 8.3 милијарди евра до 2010 г. во групата ЕУ 25, и затоа Европската комисија гледа со загриженост на „пиратеријата и неовластеното качување и симнување на содржини заштитени со авторски права“. Затоа, Комисијата започна јавна дебата „испитувајќи ги засегнатите страни од секторот дали се подготвени да го следат францускиот пример, и дали имаат предвид применување на мерки за филтрирање како ефективно средство за спречување на прекршувањата на авторските права на интернет.“
Ставот на Европската комисија не е изненадувачки, ако се има предвид изјавата на Вивиен Рединг - Европскиот комесар за информатичко општество, на Форумот на европските издавачи на 6-ти декември 2007 г. Таа ги нагласи нејзините заложби за промовирање на нов закон за авторски права во дигиталното издаваштво, објаснувајќи: „Со телекомуникацискиот пакет, сакам да ја поддржам конкурентноста, иновацијата и креативноста. Ова е првпат еден пакет за електронски комуникации да вклучува посебни побарувања за мрежните оператори и корисниците да го почитуваат Законот за авторски права.“
Рединг додаде: Луѓето не купуваат технологија, тие стекнуваат содржини и услуги. Затоа, новите правила содржат препораки во однос на усогласеноста со националните мерки со кои се спроведува Директивата за авторски права и Директивата за примена. Понатаму, во Директивата за универзални услуги се наведува дека земјите-членки ќе обезбедат претплатниците на електронските и телекомуникациски услуги или мрежи да бидат однапред добро информирани за нивните обврски да ги почитуваат авторските и сродни права и да бидат информирани за најчесто извршуваните прекршоци и правните последици од нив.“
Комесарот исто така ја посочи новата улога на Европската комисија во оваа област – катализатор за „комуникацијата околу креативните содржини на интернет во единствениот пазар, што ќе генерира бизнис преговори и ќе ја подобри правната сигурност.“
Меѓутоа, издавачите исто така беа критикувани, бидејќи европскиот претставник смета дека не ги приспособиле своите бизнис методи на новата динамика која се наметнува со сè поголемиот развој на интернетот. Според Рединг, издавачите „се соочуваат со голем предизвик при одлучувањето како да генерираат приходи во дигиталното доба, a повеќето издавачи на весници и списанија сè уште заработуваат помалку од 5 проценти од нивните приходи во новите медиуми, иако овој износ треба да се удвои во текот на наредната година.“
ЕУ подготвува нови мерки за контрола на приватноста на интернет (10.12.2007)
ЕДРИ-грам: Нов договор помеѓу француските интернет провајдери и издавачките индустрии (5.12.2007)
(2983 hits/посети) |