|
Освен политичката соработка, планот на Сеул да и` помогне на Северна
Кореја со информатичка технологија би можел да ја урне и последната
граница од студената војна.
На само неколку недели до претседателските избори во Јужна Кореја на крајот од минатата година, весниците во Сеул беа преполни со написи за историска соработка помеѓу Северот и Југот.
Помеѓу сликите од јужнокореанскиот претседател во заминување Ру Му-Хјун кој преминува преку границата за да се ракува со Ким Јонг-Ил на Северна Кореја и сликите од товарните возови кои минуваа низ земјите за прв пат по 56 години, на неколку од насловните страници имаше и доволно простор за извештаи за технолошка зделка склучена помеѓу двата лидери.
Револуционерен проект
Двете земји се сложија да работат на револуционерен проект за развој на ИТ под назив „Хана Линукс“ – или во превод „Еден Линукс“ –кој би можел да ја скрши и последната граница на студената војна.
Јужна Кореја е една од земјите кои најмногу го применуваат Линукс. Откако наидоа на бесплатниот оперативен систем во 2003 г., официјалните претставници ги открија плановите за вршење миграција кон Линукс во сите државни канцеларии. Според условите договорени во спогодбата потпишана од двете држави, Јужна Кореја ќе поставува центри за обука за Линукс во Северна Кореја.
Ли Јон-ним е поранешен консултант за ИТ во Поско, извозник на челик од Јужна Кореја. „Зошто Линукс? Бидејќи е бесплатен. Владините канцеларии не треба да купуваат лиценци за него, за разлика од Виндоуз, за кој трошоците може да бидат огромни. Теоретски, стандардизирана верзија за Северот и Југот ќе биде од огромна корист доколку земјите се обединат во иднина.“
Мун Хи-так, претседател на Гонгај софтвер, Јужнокорејската компанија која стои зад развојот на Хана Линукс, вели: „Линукс се користи во сите земји низ светот, и во многу земји, голем број компании додаваат различни функции и алатки соодветно на нивните потреби. Доколку сите компании во Кореја користат свои верзии, тоа ќе биде залудно трошење на време и пари и ќе предизвика конфузија. Со една унифицирана верзија ќе се решат многу потенцијални проблеми.“
Мун додава: „Политичката соработка веќе се одвива, што секако ќе носи големи придобивки за развојот на ИТ во Северот и Југот. Размената на технолошка умешност, практично знаење и работна сила ќе ни помогне да станеме поконкурентни на меѓународниот ИТ пазар.“
Скептиците веруваат дека им се сервира сонот дека ИТ на магичен начин ќе доведе до повторно обединување. Оптимистите, во меѓувреме, се прашуваат дали технологијата навистина ќе внесе светлина на крајот од темниот политички тунел на Азија.
Многумина веруваат дека има друга, подлабока причина за Кореја да го развива Хана Линукс. Ли вели: „Кореја ја сака оваа верзија на Линукс за да се разликува. Луѓето овде морале да се изборат за својата политичка независност од Јапонија, Кина и други земји од почетокот на Корејската историја. Значи, тие сакаат да имаат свој посебен начин на вршење на работите. На тој начин тие се чувствуваат независни.“
Навистина, кога станува збор за ИТ, луѓето во Јужна Кореја различно ги вршат работите. Речиси сите во земјата го користат Кореанскиот пребарувач, Навер; Гугл се смета за лош избор. Месинџер е зад локалниот Нејт он сервис. Безмалку цела Јужна Кореја го избира Гом плеер наместо Виндоуз медија плеер.
Списокот продолжува.
Хонг Јанг-јун, студент на докторски студии на КАИСТ, Јужнокорејски универзитет за ИТ, верува дека Северна Кореја прави храбар потег. Тој вели: „До неодамна, Пјонгјанг користеше ИТ само за воени потреби. Отворањето на општеството во Северна Кореја кон интернетот и мобилните телефони ќе и отежни на Владата да ја контролира слободата на изразување на начинот на кој го прави тоа од педесеттите години на минатиот век до денес.“
Извор: Линукс онлајн
(3570 hits/посети) |