|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Софтвер со отворен код на српски јазик
|
|
|
|
Софтвер со отворен код на српски јазик |
|
|
|
22.01.2008. |
|
Српското Министерство за телекомуникации и информатичко општество на
Владата на Република Србија организираше локализација на неколку
популарни програми со отворен код.
Станува збор за оперативниот систем Линукс, програмскиот пакет ОпенОфис, интернет прелистувачот Фајрфокс и клиентот за е-пошта Тандрбрд. Задачата за локализирање им беше доверена на експерти од Електротехничкиот факултет, Факултетот за организациски науки и Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград и од Електро факултетот во Ниш.
Во моментот се работи на локализација на две верзии на Линукс – Убунту и Федора, додека првите верзии на тие програми на српски јазик ќе можат да се користат веќе од март 2008 г.
За почетокот на 2009 г., најавено е распишувањето на тендер за локализација на други важни софтверски пакети, исто така базирани на програми со отворен код.
Извор: Микро ПЦ Ворлд
(4028 hits/посети) |
|