Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Проектот и платформа СЕЛФ објави конкурс за најдобри документарни филмови
Проектот и платформа СЕЛФ објави конкурс за најдобри документарни филмови Испечати Е-пошта
24.01.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Целта на овој конкурс е да се зајакне платформата СЕЛФ, да се централизира, пренесе и прошири сегашното знаење за слободниот софтвер и отворените стандарди и да се подигне свеста и придонесе за создавањето на критична маса за употребата на слободниот софтвер и отворените стандарди.

Направете документарен филм за создавањето на слободно знаење и образование во дигиталното доба! Соберете ги пријателите, охрабрете ја вашата компанија да учествува, или едноставно ослободете ја својата креативност. Документарниот филм не треба да биде подолг од пет минути, и треба да соодветствува на Проектот и платформа СЕЛФ. Најдоцна до 31-ви мај, 2008 г., треба да го испратите до жири комисијата која ќе го оценува врз основа на неговото толкување и претставување на филозофијата, креативноста, оригиналноста, и од аспект на уметничката заслуга и инспирација. Неколку информации во врска со конкурсот:

  • Документарецот треба да го толкува создавањето на слободно знаење и образование во дигиталното доба и тоа да го поврзе со Проектот и платформа СЕЛФ.
  • Филмот треба да биде снимен во времетраење од максимум 5 минути.
  • Треба да се користи англиски јазик, или пак, филмот треба да биде титлуван на англиски јазик.
  • Треба да се испрати до жири-комисијата или во форматот Ог Теора, или како ДВД.
  • Документарниот филм мора да биде лиценциран под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор – Сподели или Лиценцата за слободна уметност.
  • Крајниот рок за поднесување е 31-ви мај 2008.


Целта на овој конкурс е да се зајакне платформата СЕЛФ, да се централизира, пренесе и прошири сегашното знаење за слободниот софтвер и отворените стандарди и да се подигне свеста и придонесе за создавањето на критична маса за употребата на слободниот софтвер и отворените стандарди. Содржината на краткиот документарец е отворена за толкувања, но треба да се осврне на теми како што се слободниот софтвер во образованието и разни организации, на историјатот на заедниците на слободен софтвер како и на конкретни информации за платформата СЕЛФ. Исто така, треба директно или индиректно да го изразува значењето на една таква платформа.

Најдобрите видеозаписи ќе се користат при натамошната промоција на СЕЛФ кај евидентните целни групи на СЕЛФ како и во целата заедница на заинтересирани страни кои имаат некаква поврзаност со образовните материјали и материјалите за обука за слободен софтвер и отворени стандарди.

Извор: Проект СЕЛФ


(3265 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]