|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Објавена најновата верзија на системот за управување со содржини Џумла!
|
|
|
|
Објавена најновата верзија на системот за управување со содржини Џумла! |
|
|
|
25.01.2008. |
|
Како апликација, Џумла! 1.5 е значително понапредна верзија од Џумла!
1.0 во однос на употребливоста, интернационализацијата и можностите за
додавање на компоненти.
Заедницата Џумла! ја објави најновата верзија на системот за управување со содржини Џумла! 1.5 Стејбл (Joomla! 1.5 Stable). Беа вложени огромни напори со цел Џумла! 1.5 да го достигне денешното ниво. Програмери од целиот свет интензивно соработуваа и постојано придонесуваа за развојот на Џумла! со голем ентузијазам. Истовремено, многумина други идентификуваа и поправаа багови во апликацијата. Форумите на Џумла! се преплавени со прашања и одговори за Џумла! 1.5, во насока на надминување на проблемите и обезбедување поддршка за новите корисници.
Како апликација, Џумла! 1.5 е значително понапредна верзија од Џумла! 1.0 во однос на употребливоста, интернационализацијата и можностите за додавање на компоненти. Поедноставениот кориснички интерфејс ги елиминира непотребните кликнувања за администраторите на веб-сајтовите.
Оваа верзија означува една пресвртница и нов почеток. Во наредната фаза ќе може да се соединат научените лекции, креираните кодови и импулсот за да се создаде нешто што ќе биде навистина големо. Придружете ни се.
Извор: Џумла!
(3807 hits/посети) |
|