Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Европски ден на заштита на личните податоци
Европски ден на заштита на личните податоци Испечати Е-пошта
30.01.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Најизложени на злоупотреби тинејџерите што сурфаат на интернет.

Дирекцијата за заштита на личните податоци, по повод Европскиот ден на заштита на личните податоци, организираше отворен ден за граѓаните да се запознаат со нејзината работа и со нивните права за заштита на приватноста. Во понеделникот, Дирекцијата ја посетија средношколци, кои според директорката Маријана Марушиќ, најчесто се изложени на злоупотреба на личните податоци преку користењето на Интернет. За нив Дирекцијата ќе ја промовира и брошурата "Ти одлучуваш".

"Целта е да се развие свеста и граѓаните да знаат кои се нивните права во оваа сфера и да реагираат ако тие се прекршени", вели Марушиќ.
Лани до Дирекцијата биле доставени над 40 претставки од граѓани, но казни не се изречени бидејќи траел периодот на приспособување кон законките обврски. Искуства покажале дека прекршувањата се прават ненамерно, најчесто поради непознавање на законот.

Според Марушиќ со воведувањето на Измените на Законот за заштита на личните податоци, кои се во собраниска процедура, ќе се зголемат и надлежностите на Дирекцијата.
"Со законските измени се воведува инспекциски надзор и прекршочна комисија. Наместо судовите, комисијата ќе добие статус на прекршочен орган, и наместо судовите ќе одлучува дали за неовластено откривање на лични податоци треба да се изрече казна". потенцира Марушиќ.

Извор: Вест


(3576 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]