Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Семинар за електронско работење и интернет
Во организација на Стопанската комора на Македонија на 2 и 3 јуни во Скопје се одржа семинар за електронско
работење и Интернет маркетинг.
Во организација на Стопанската комора на Македонија на 2 и 3 јуни во Скопје се одржа семинар за електронско работење и Интернет маркетинг.
Семинарот, како што беше истакнато, е дел од серијата средби што се организираат на барање на компаниите, со цел да им се помогне во примената на новите технологии.
Предавачи на семинарот беа Виктор Поцаит од Технолошко-металуршкиот факултет на Универзитетот во Белград и Милан Кукрика, професор на Белградскиот универзитет и предавач на Европската организација за квалитет со седиште во Виена.