Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Холандско истражување за употребата на Криејтив комонс во јавниот сектор
Холандско истражување за употребата на Криејтив комонс во јавниот сектор Испечати Е-пошта
1.02.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Во рамките на активностите на проектот “Криејтив комонс – Холандија”, Институтот за информатичко право спроведе истражување за користењето на лиценците Криејтив комонс (CC).

Во 2007 г., ова истражување најмногу се фокусираше на употребата на лиценците Криејтив комонс при распространувањето на информации од јавниот сектор од страна на владините тела. Истражувањето го извршија Миреј ван Ешу и Бренда ван дер Вал.

Од ова истражување произлезе извештајот со наслов „Информации од јавниот сектор лиценцирани под Криејтив комонс: Можности и недостатоци“.

Пол Келер од Криејтив комонс - Холандија вели: „Мое лично мислење е дека овој извештај вреди да се прочита бидејќи во него е добро аргументирано (споредувајќи ги карактеристиките на индивидуалните CC лиценци со целите на легислативата за информации од јавниот сектор и холандската легислатива за слобода на информирање) користењето на најмалку рестриктивните лиценци (Криејтив комонс - Наведи извор) и поставувањето на информациите од јавниот сектор во јавниот домен. Со тоа, извештајот ја нагласува потребата од приспособување на CC0 (или барем на компонентата на CC0 за ослободување на некое авторско дело од авторски права) кон специфичностите (права на базата на податоци, морални права).

Иако извештајот се фокусира на состојбата во Холандија, тој истовремено би бил од полза и за проектите на Криејтив комонс во други земји. Пред сè затоа што холандската регулаторна рамка за информации од јавниот сектор е изведена од Европската Директива - ПСИ поради што би требало да биде доволно слична на регулаторната рамка на останатите земји-членки на ЕУ.


(3072 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]