Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Студентските домови ќе добијат бесплатна интернет конекција
Студентските домови ќе добијат бесплатна интернет конекција Испечати Е-пошта
12.02.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Владата на последната седница донесе одлука за обезбедување бесплатен интернет пристап во сите студентски домови, за доделување електронски потписи за сите работодавачи во Македонија, и за преземање мерки за привлекување инвестици од областа на електронска трговија.

 Со цел овозможување достапност за македонските студенти до сите европски и светски трендови во Интернет услугите во тек е проект за воведување бесплатен Интернет пристап во сите студентски домови во Скопје, студенсткиот дом во Прилеп, студентски дом Сеник, студентските домови во Охрид, Битола и Штип, како и најновиот студентски дом во Гостивар, рече министерот без ресор Иво Ивановски, задолжен за информатичко општество, на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Тој појасни дека во сите соби во 10 студентски домови ќе постои бесплатна интернет конекција и оти сите процедури за нејзино воведување ќе завршат за околу шест месеци.
- Целта на проектот за доделување електронски потписи за сите работодавачи во Македонија е доставување на авторизиран дигитален идентитет на сите правни и физички субјекти кои имаат правна обврска да пријавувааат и плаќаат данок. Сертификатот е јавно признат со член 13 од Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис, рече Ивановски.

Тој посочи дека проектот е фокусиран на регистрирање на целата раобтодавачка популација со дигитален идентитет што ќе овозможи извршување на сите видови електронски операции и нивно прифаќање без никакво ограничување од страна на издавачот на сертификатот.

Со оваа услуга работодавачите, како што истакна Ивановски, наместо да патуваат на шалтери услугите ќе можат да ги вршат по електронски пат, но за тоа ќе мора да поседуваат електронски сертификат. Услугите ќе можат да се реализираат во фондовите за пензиско и за здравствено осигурување, Централниот регистар, Царината, Агенцијата за вработување каде ќе може да се најави вработување или отказ за вработените, и новиот систем за електронски јавни набавки.

Министерот Иваноски нагласи дека Владата решила да преземе мерки за привлекување инвестици во Македонја од областа на електронска трговија.
- Електронската трговија во иднина ќе биде мотор на развојот на секоја држава.

Од година на година бројот на договори од областа на електронска трговија расте. Продажбата во Интернет продавниците е повеќе од споредлива со онаа во обичните продавници, рече Ивановски потенцирајќи дека Македонија треба да се фокусира на даночниот систем со цел да ги охрабри странските инвестиции на ова поле.

Тој посочи дека во предлогот се доставени неколку даночни сценарија за електронска трговија, данок на профит, како и електронска трговија, данок заснован на обрт и електронски игри на среќа и обложување. Во рок од три недели, како што кажа Ивановски, Министерството за финансии ќе треба да достави мислење до Владата кој од предлозите се прифатливи и кои ќе се применат во праксата.

Извор: Вест бр. 2295, 11 февруари 2008.


(3634 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]