|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Телеком одобри инвестиции во АДСЛ мрежата
|
|
|
|
Телеком одобри инвестиции во АДСЛ мрежата |
|
|
|
13.02.2008. |
Одборот на директори на АД “Македонски телекомуникации“ на вонреден состанок одобрил инвестиции во АДСЛ мрежата, кои ќе придонесат за дополнителни подобрувања на квалитетот на понудените услуги.
“Од воведувањето на АДСЛ услугата за брз интернет пристап на почетокот
на 2004 година, Телеком презеде неколку активности за да обезбеди
поголема брзина и пониски цени за своите корисници, а на тој начин
придонесе за зголемување на бројот на членови на Интернет семејството
на македонскиот пазар.
Освен со воведувањето на новите МаџАДСЛ пакети
за резидентни и бизнис корисници, во септември 2007 година, МТ
придонесе за развој на интернетот во Македонија и со склучување на
договори за големопродажба на АДСЛ-от“, се вели во соопштението на
“Македонски телекомуникации“. МТ најави дека наскоро ќе воведе нови
модерни дополнителни услуги на пазарот.
Извор: Нова Македонија, број 21312, 11.02.2008
(3471 hits/посети) |
|