|
Проблемите во областа на приватноста кои ги создава интернетот и
другите нови технологии како РФИД се меѓу приоритетите во агендата на
европските институции кои се повеќе сакаат да се справат со тие
проблеми.
Расправата во Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент објавена во последното издание на ЕДРИ-грам е само мал чекор напред во тој поглед.
Работната група 29, на следниот состанок, на 18-ти февруари 2008 г. ќе дискутира за чувствителната тема - приватност и интернет пребарувачи и можно е да се усвои Мислење за оваа тема.
Меѓутоа, по состанокот одржан минатиот месец во Европскиот парламент, размислувањата на членовите на работната група и се веќе познати на јавноста. Питер Шар, германскиот комесар за заштита на лични податоци и претседавач на работната група 29, даде отворени коментари за Фајненшл тајмс, објаснувајќи дека периодот на чување колачиња и податоци од пребарувањето е премногу долг: „Мене лично се уште ми изгледа прилично долго, и претпоставувам дека не сум единствениот со такво мислење.“
Тој нагласи дека интернет протокол (IP) адресите се сметаат за лични податоци според законодавството на ЕУ и гo отфрли тврдењето дека загриженостите за безбедноста се доволна причина за чување на податоците. „Не можам да замислам дека е потребно да се чуваат податоци како IP адреси од безбедносни причини. Каква е сигурносната закана? Безбедносните цели не го оправдуваат долгорочното чување на овие податоци.“
Други државни агенции за заштита на личните податоци се осврнуваат на повеќе аспекти на приватноста при користењето на компјутерите. Шпанската агенција за заштита на личните податоци минатата година го дефинираше филтрирањето на информации за други цели освен за заштита од вируси и спам како „филтрирање кое не е во согласност со шпанското право“. Работната група 29 исто така планира да го испита рекламирањето насочено кон одредени корисници, што би можело да предизвика проблеми за Гугл или Јаху.
Европската комисија исто така работи на документ за политики за РФИД, кој ќе ги вклучува аспектите на приватност, врз основа на дискусиите на работната група за РФИД. Се уште не е јасно дали документот ќе биде регулатива или препорака која обврзува.
Веб-сајтот ЕурAктив информира дека во наредните недели комисијата ќе објави ново истражување на ЕУ според кое „мнозинството смета дека јавната свест за приватноста и управувањето со податоци е ниска, но истовремено речиси 75 проценти од испитаниците велат дека ги загрижува оставањето на лични податоци на интернет“.
Ова се очигледно очекувани резултати за комисијата која ќе го зголеми финансирањето на кампањите за подигање на свеста и технологиите кои ја подобруваат заштитата на приватноста.
Извор: ЕДРИ-грам бр. 6.3, 13 февруари 2008.
(2621 hits/посети) |