Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
НасловнаВести Во Кина затворени 16 илјади интернет кафулиња
Пекинг, 2 јуни - Кинеските власти во последните три месеци затворија 16 илјади интернет-кафулиња и почнаа кампања против лажните реклами.
Кинеските власти во последните три месеци затворија 16 илјади интернет-кафулиња и почнаа кампања против лажните реклами.
Кон крајот на април е соопштено дека за помалку од три месеци се затворени 8.600 интернет-кафулиња.
Кинеските власти се загрижени поради фактот што младите луѓе се повеќе време поминуваат играјќи он-лајн игри и затоа забранија отворање интернет-кафулиња во близина на училиштата во земјата.
Во исто време се води и кампања против лажните реклами по пат на електронска пошта и пораки на мобилни телефони.
Во Кина често пати корисниците на мобилни телефони преку СМС порака добиваат понуда за стекнување лажна диплома или за купување шверцувани автомобили.