Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Младите бараат заштита на интернет
Младите бараат заштита на интернет Испечати Е-пошта
15.02.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Амани (12) од Западен Јоркшир е едно од децата од цела Европа кои беа поканети од Европската комисија да учествуваат на конференција за безбедноста на децата на интернет.

„Новата технологија напредува брзо и станува сè потешко да се биде безбеден“ - Амани (12).

Следува нејзиниот извештај за веб-сајтот на БиБиСи Њуз:

„Отидов во Брисел за да учествувам на тридневниот Европски младински форум одржан во Европската комисија. Имаше 27 младинци од девет европски земји на возраст од 12 до 19 години.
Целта на настанот беше младите да дадат препораки до владите и индустријата.

Сакав да одам бидејќи ми изгледаше возбудливо и сакав да помогнам нешто да се промени во насока на подобрување на безбедноста на интернет за моите врсници. Ми беше задоволство да запознавам млади од цела Европа и слушнав многу различни мислења.

Мислам дека состанокот беше успешен бидејќи дојдоа многу влијателни лица од индустријата, Европскиот парламент и Европската комисија и сакаа да ги слушнат нашите препораки и да одговорат на нашите прашања.
Се надевам дека сето тоа ќе го земат предвид кога ќе донесуваат одлуки кои нас не засегаат. Нашите прашања ги опфатија трите теми за коишто одлучивме да говориме – мобилните уреди, социјалното вмрежување и начинот за подигање на свеста за е-безбедноста.

Ова се некои од прашањата:

  • Зошто нема копче „пријави злоупотреба“ на сите веб-сајтови за социјално вмрежување и „чет“ преку интернет?
  • Зошто не е задолжително да се гледа некаков филм за безбедна размена на пораки – пред да регистрираме онлајн профил?
  • Зошто не е однапред зададена опцијата сите профили при креирањето да бидат приватни наместо јавни?

Иако дојдовме од различни земји, сите имавме исти интереси и цели. Сите ние сметаме дека опасностите од мобилните уреди и интернетот се сериозни.

Новата технологија напредува брзо и станува сè потешко да се биде безбеден. Веруваме дека ќе бидеме побезбедни доколку се применат нашите препораки.“

Извор: БиБиСи Њуз - „Младите бараат заштита на интернет“ 14 февруари, 2008.


(3022 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]