|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Министерството за финансии користи слободен софтвер на десктоп компјутерите и серверите
|
|
|
|
Министерството за финансии користи слободен софтвер на десктоп компјутерите и серверите |
|
|
|
18.02.2008. |
|
Министерството за финансии на Република Македонија вложува во слободен
софтвер за десктоп компјутерите и серверите. Според Мирослав Јовановиќ,
поранешен шеф на секторот за ИТ, министерството е најголемата
организација во Македонија која користи ваков вид на софтвер.
Во текот на конференцијата организирана минатата година од Програмата за развој на Обединетите Нации во главниот град Скопје, Јовановиќ даде краток преглед на многубројните начини на кои министерството применува слободен софтвер со отворен код.
„Секторот за ИТ користи и развива решенија за слободен софтвер и отворени стандарди уште од 2001 година. Се изврши миграција на целосната серверска инфраструктура кон слободен софтвер и сите нови ИТ услуги се базираат на решенија од слободен софтвер.
Министерството за финансии користи ГНУ/Линукс на своите веб сервери, во комбинација со веб серверот Апачи (Apache) базиран на слободен софтвер, системот за бази на податоци Мајескјуел (MySQL) базиран на слободен софтвер, и програмските јазици ПХП (PHP), Пeрл (Perl) и Пајтон (Python). Секторот за ИТ користи веб посредник, алатки за управување и безбедност како што се Сквид (Squid), Нагиос (Nagios) и Снорт (Snort).
Секторот има неколку сервери со Дебијан ГНУ/Линукс кои овозможуваат печатење со користење на системот за печатење CUPS - базиран на слободен софтвер. Овие сервери исто така овозможуваат споделување на канцелариски документи во околини кои користат Мајкрософт Виндоуз, користејќи го серверот за датотеки Самба – базиран на слободен софтвер. „Овие централизирани сервери нудат подобро искористување на печатачите и ресурсите и ги намалуваат трошоците.
“Околу 170 десктоп компјутери во Министерството имаат инсталиран ОпенОфис, слободен софтверски пакет од канцелариски апликации. Наскоро, ОпенОфис ќе се инсталира и на околу двесте нови компјутери . На овие компјутери се користи интернет прелистувачот Фајрфокс и апликацијата ПДФ Креатор кои исто така спаѓаат во слободен софтвер. Јовановиќ: „Во секторот за ИТ и благајната на министерството исто така има неколку компјутери на кои се користи дистрибуцијата Убунту на ГНУ/Линукс.“
Дирекцијата за спречување на перење пари во состав на Министерството за финансии користеше Гну Прајваси Гард (ГПГ) во периодот од 2004 до 2007 година. Тоа е слободен софтвер за криптирање и електронско потпишување на податоци, со што се овозможува податоците да бидат безбедно пренесени дури и преку јавните мрежи. Дирекцијата исто така го користи слободниот софтвер - систем за управување со бази на податоци Фајрбрд. „Банките и ДСПП ги прифатија нашите решенија без приговор, и без трошоци“, коментира Јовановиќ. „Сепак, тие во моментот имаат и комерцијален систем и не знам дали се уште го користат ГПГ.“
Извор: Програма ИДАБЦ на Европската комисија
(3323 hits/посети) |
|