|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Светски ГСМ конгрес во Барселона
|
|
|
|
Светски ГСМ конгрес во Барселона |
|
|
|
18.02.2008. |
|
Во Кина секој месец пет милиони нови корисници на мобилен телефон.
За неверојатни пет милиони нови корисници секој месец се зголемува
бројот на преплатници на мобилната телефонија во Кина или за околу 60
милиони годишно, а во развојот на мобилниот пазар ништо помалку не
заостанува и Индија.
Поради тоа не е ни чудно што големите играчи во мобилната индустрија како Водафон и некои други компании веќе наголемо влегуваат на овие два пазари. Мобилниот бизнис станува бизнис на волумен поради што големите компании и во нередниот период ќе се преориентираат на растечките пазари бидејќи тие ќе бидат двигатели на бизнисот на мобилна телефонија. Ова се само дел од темите и предвидувањата кои експерти и топ- менаџери од безмалку сите големи компании од мобилната и од ИТ индустријата ги презентираа на годинашниот Светски ГСМ конгрес што во изминативе денови се одржа во Барселона. Сепак, најавата на Европската комисија дека со засилени регулативни мерки ќе побара од компаниите да ја намалат цената на роамингот беше една од главните теми за кои дебатираа пред се преставниците на европските мобилни оператори.
Вивиен Ридинг, комесарот за информатичко општество и медиуми на Европската комисија побара од европските мобилни оператори до први јули годинава да ги усогласат цените на роамингот во рамките на ЕУ на нивото од 0,49 евроценти за минута разговор.
„Европските граѓани и туристите плаќаат прескапо за роаминг услугите. СМС пораките и трансферот на податоци преку мобилен телефон не треба да биде поскапо отколку во границите на државите“ - рече Рединг. Претставниците на мобилните оператори со негодување ја примија оваа најавата. Тие сметаат дека тоа не е фер кон компаниите со помал број претплатници.
Никола Љушев, директор на Вип оператор, членка на Мобилком Австрија групацијата смета дека регулативата во овој бизнис е потребна меѓутоа со цел да се обезбеди конкуретна средина. Тој додава дека доколку се навлегува во малопродажните цени во нерамноправна положба се ставаат големите и малите компании.
На конгресот беше кажано дека во иднина мобилниот интернет ќе ја дефинира профитабилноста на оваа индустрија. Големите компании се повеќе одат во насока на менување на начинот на кој сега функционира индустријата и воведување на принципите по кои работи Гугл. Тоа не е чудно ако се знае дека во Британија компанијата Блик веќе не наплаќа за услугите што ги дава на мобилните претплатници туку се финансира од спонзорства, а мобилниот апарат го користи како канал за пренесување на рекламните пораки. Компаниите веќе одамна се свесни за можностите на Интернетот и мобилната индустрија и поради тоа во иднина се повеќе внимание ќе посветуваат и на содржините што ќе можат преку Интернет д а им ги нудат на своите корисници. Токму тоа е главната причина за се поголемата синергија на оваа индутсрија со филмската и присуството на холивудските ѕвезди како Роберт Редфорд и Дастин Хофман на конгресот во Барселона.
Интересно е што големите компании како Нокиа и Цхина мобиле презентираа какви мерки превземаат за заштита на екологијата. Па, така беа прикажани пакувања за мобилни апарати изработени од рециклирани материјали, постапка за рециклирање на литиумските батерии и како се намалува испуштањето штетни гасови во производниот процес. Нокиа презентира и модел во изработка на мобилен телефон кој би се произведувал од рециклирана гума, лименки и чиповите кои би биле изработени од рециклирани материјали.
Владо Николоски
(3643 hits/посети) |
|