|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести ЕДРИ Француската жандармерија одбра слободен софтвер
|
|
|
|
Француската жандармерија одбра слободен софтвер |
|
|
|
25.02.2008. |
|
Најголемото административно тело во Франција – жандармеријата, во наредните неколку години ќе изврши миграција од оперативниот систем Виндоуз кон Убунту на 70.000 работни станици.
Тоа се надоврзува на заложбите на француската влада која веќе неколку
години ја промовира миграцијата кон слободен софтвер. Жандармеријата
веќе користи ОпенОфис и Фајрфокс, француското национално собрание исто
така неодамна изврши миграција на 1100 компјутери кон Линукс и
Министерството за земјоделство ја започна миграцијата од Виндоуз кон
Линукс на крајот на 2006 г.
Француската влада планира да
изврши миграција кон слободен софтвер врз основа на студијата
спроведена од компанијата за технолошки услуги Атос Ориџин, која:
„покажа дека слободниот софтвер отсега ќе понуди функционалност
приспособена на потребите на парламентарците и ќе ни овозможи да
направиме значителни заштеди и покрај трошоците за миграција и обука“,
што беше наведено во соопштението на Собранието во 2006 г.
Меѓу
причините за мигрирање кон слободен софтвер, освен намалените трошоци,
се и подобрата контрола на безбедносните функции како и поголемата
независност од продавачите на софтвер.
Француската жандармерија преминува на Линукс
Француската жандармерија го отфрла Виндоуз
ЕДРИ-грам: Францускиот парламент преминува на слободен софтвер
Извор: ЕДРИ-грам, бр.6.3, 13 февруари 2008
(2758 hits/посети) |
|