Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Ден на слободни документи
Ден на слободни документи Испечати Е-пошта
27.02.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Денот на слободни документи (DFD) е глобален ден за „ослободување“ на документите со масовна поддршка за промоција на форматите на слободни документи и отворените стандарди.

DFD е инициран и поддржан од група организации и компании, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на Фондацијата слободен софтвер Европа, Алијансата за отворен формат на документи, Отворен форум Европа, АјБиЕм, Ред Хет и Сан Мајкросистемс.

Денот на слободни документи (26 март 2008.) ќе биде повод за глобален собир на групи кои работат на промоцијата на слободни документи и отворени стандарди и ќе им даде шанса на тимови од целиот свет да го „развеат знамето“.

Во подготовка е „почетен пакет на DFD“ кој содржи знаме, маичка, летоци и стикери, а ќе се испрати во првите недели на месец март до првите 100 тимови кои ќе се пријават. Шеснаесет тимови веќе се пријавија во текот на фазата на подготовки за DFD пред објавувањето на ова соопштение. Регистрирајте го вашиот тим веднаш!

„Горди сме што можеме да ги поддржиме овие заложби на глобално ниво за да поттикнеме отворена и инклузивна размена на информации“, изјави Марино Марциќ, управен директор на Алијансата за отворен формат на документи. „Слободата на документите подразбира создавање, размена и зачувување на вашите електронски документи без купување на софтвер.“
„Заклучувањето на податоците во документите и ограничувањето од страна на продавачите на софтвер се меѓу најсериозните прашања со кои денес се соочуваат корисниците,“ вели претседателот на Фондацијата слободен софтвер Европа – Георг Грив. „Сепак, многумина го согледуваат ова кога е веќе предоцна и кога веќе ја изгубиле контролата врз нивните податоци. Го поддржуваме Денот на слободни документи со цел да се подигне свеста за ова прашање преку иницирање на нешто што влијае на речиси сите корисници на компјутери, текстуални документи, табеларни пресметки и презентации.“

Форматот на слободни документи и отворените стандарди се важни елементи во континуираната експанзија на глобалната заедница на слободен софтвер,“ изјави Том Рабон, извршен потпретседател за корпоративни прашања во Ред Хет. „Ред Хет го поддржува Денот на слободни документи и учеството на сите кои со нетрпение го очекуваат денот кога документите ќе ги контролираат оние што всушност ги поседуваат, наместо оние кои ја создаваат технологијата за пристап до тие документи.“

Сајмон Фипс, извршен директор за софтвер со отворен код во Сан Мајкросистемс изјави:, „Како што објаснив во мојот труд со наслов „Слобода да заминам “, она што е суштинско кога станува збор за овој нов пазар е луѓето да можат слободно да користат каков било софтвер за работа со нивните податоци. Целосно ја поддржувам целта на слободните документи.“

Александр Олива од Фондацијата за слободен софтвер - Латинска Америка коментира: „Кога ги зачувувате документите користејќи формат на слободен и отворен стандард од типот на отворениот формат на документи (ОДФ), вие всушност ја зачувувате и вашата иднина, обезбедувајќи си континуирана можност да пристапите до нивната содржина и истата да ја декодирате и конвертирате.“

Греам Тејлор, директорот на Отворен форум Европа, вели: „Отворен форум Европа ја поздравува иницијативата за Денот на слободни документи. Суштината на „отвореноста“ се состои во правото на корисниците, граѓаните, владите... слободно да пристапуваат до документите и истите да ги разменуваат денес и во иднина.

Список на групи за поддршка на Денот на слободни документи

Список на тимови за Денот на слободни документи

 

Извор: Ден на слободата на документите  


(3274 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]