Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Мајкрософт со своја канцеларија во Македонија
Мајкрософт со своја канцеларија во Македонија Испечати Е-пошта
3.06.2004.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Корпорацијата Мајкрософт по двегодишно присуство на македонскиот пазар денеска официјално го објави отворањето канцеларија која ќе биде одговорна за продажба, маркетинг, услуги и поддршка на производите и технологијата на Мајкрософт.

Корпорацијата Мајкрософт по двегодишно присуство на македонскиот пазар денеска официјално го објави отворањето канцеларија која ќе биде одговорна за продажба, маркетинг, услуги и поддршка на производите и технологијата на Мајкрософт.

Со Канцеларијата ќе раководи Илијанчо Гаговски, кој досега беше претставник на компанијата во Македонија, а во неа на почетокот ќе има пет вработени со план тој број да се зголемува за две до три вработувања во наредните неколку години.

Претставништвото во Македонија станува дел од семејството канцеларии што оваа корпорација ги има отворено во други земји, а планира во овој регион да ги прошири активностите и во Босна и Херцеговина и Албанија, каде што засега нема свои канцеларии.

„Отворањето претставништво во една земја многу значи за неа„ истакна на прес-конференција Силвиу Хотаран, генерален менаџер на Мајкрософт за Југоисточна Европа кој додаде дека нивното присуство тука претставува вистинска посветеност кон корисниците во поглед на испорака на квалитетни производи и технологии.

„Нашиот успех е врзан за успехот на компаниите, односно нема успешен развој на Мајкрософт без растечка софтверска индустрија“, одаде Хотаран.

Според Гаговски доаѓањето на Мајкрософт во Македонија покажува дека вреди да се инвестира во Македонија, а придонесот од нејзиното присуство е развој на информатичката индустрија.

Покрај отворањето на канцеларијата на прес-конференцијата беше најавено дека вечерва ќе биде претставена и македонската верзија на програмата Виндоус, која на оние компании кои имаат легализиран софтвер им се нуди бесплатно, додека за другите таа ќе чини исто колку и англиската.

Верзијата на Виндоус не е конечна и оти во нејзиното подготвување се консултирани релеванти институции и стручњаци со оглед на тоа што не можеле да земат стандардизиран македонски јазик.

Од активностите што досега ги има спроведено Мајкрософт во земјава е и кампањата за легализирање на софтверот, која заврши на 31 мај. Потпишани се околу 400 договори, колку што било и планирано и опфатени се 7.000 компјутери.

Гаговски најави дека од наредната учебна година следи легализацијата на софтверот во образованието, како и активности за легализација на софтверот кај помали деловни субјекти кои покажале интерес во кампањата која заврши но која не беше наменета за нив.


(2497 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]