Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Германски суд ја ограничува сајбер шпионажата
Германски суд ја ограничува сајбер шпионажата Испечати Е-пошта
3.03.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Највисокиот германски суд го ограничи правото на безбедносните служби да ги шпионираат компјутерите на осомничените криминалци и терористи.

Софтверот испратен преку имејл им овозможуваше на властите да имаат увид во тврдиот диск на компјутерот на осомничениот. Сојузниот уставен суд во Карлсруе соопшти дека сајбер шпионажата ги нарушува правата на приватност на поединците и може да се применува само во исклучителни случаи.Активистите за граѓански слободи предупредија дека со тоа би се извршило неприфатливо нарушување на приватноста.

Државен преседан

Случајот беше инициран минатата година откако западната држава Северна Рајна – Вестфалија им дозволи на службените лица да започнат со користење на овие методи на шпионажа.
 
На кој начин се шпионирани Европјаните

Претседателот на судот Ханс - Јирген Папие вели дека користењето на таков вид софтвер е во спротивност со правата одредени со Уставот на Германија, додавајќи дека одлуката би била преседан во земјата.
Во пресудата се нагласува дека сајбер шпионажата на властите треба да биде одобрена од судија. Германската влада ја опиша сајбер шпионажата како битна алатка во борбата против тероризмот, додека министерот за внатрешни работи Волфганг Шаубл ја поддржа примената на оваа стратегија и изјави дека таа би се сметала за дел од плановите за промена на законот.
„Одлуката на судот мора внимателно да се анализира и да се земе предвид при измените во законодавството“ – изјави Шаубл.

Терористички заговори

Во Германија веќе се бара судско одобрение за прислушување на телефонот на осомничениот, а министерството за внатрешни работи очекува судот да донесе слична одлука и за шпионирањето на компјутерите.

Во текот на постапката, германскиот независен комесар за приватност Питер Шар аргументираше дека конкретната мерка би претставувала „натамошен алармантен чекор кон дури поголем надзор“.

Германија откри повеќе наводни терористички заговори во последните неколку години. Во септември 2007 г., властите уапсија тројца мажи за кои се тврдеше дека планирале бомбашки напади низ земјата и дека биле членови на милитантната исламистичка група Ал Каеда.

Бибиси Њуз: „Германски суд ја ограничува сајбер шпионажата“ 27 февруари, 2008.


(3031 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]