|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Систем за управување со содржини - Мудл
|
|
|
|
Систем за управување со содржини - Мудл |
|
|
|
4.03.2008. |
|
Мудл е софтверски пакет за креирање на веб-сајтови и курсеви на
интернет. Претставува тековен проект за развој наменет за поддршка на
општествената конструктивна мрежа за образование.
Мудл се нуди бесплатно како слободен софтвер со отворен код (под лиценцата ГНУ/ГПЛ). Тоа значи дека Мудл е заштитен со авторски права, но и дека корисниците имаат одредени слободи. Можете да го копирате, користите и модифицирате Мудл доколку се сложите: да им го пренесете изворниот код на другите, да не ја менувате или отстранувате оригиналната лиценца и авторски права, и да не ја применувате оваа лиценца за кое било изведено дело.
Мудл може да се инсталира на секој компјутер кој поддржува ПХП и база на податоци ЕсКјуЕл (на пример МајЕсКјуЕл). Работи на оперативните системи Виндоуз и Мекинтош како и на многу верзии на Линукс (на пример Ред Хет или Дебијан ГНУ). Постојат голем број добро информирани партнери на Мудл кои можат да ви обезбедат поддршка и дури би можеле да го хостираат вашиот сајт изработен со Мудл.
Разграничувањето помеѓу ИТ во библиотеките и ИКТ поддршката за учење е различно во различни универзитетски библиотеки. Доколку вашата библиотека обезбедува основна поддршка за околината за виртуелно учење во вашата институција, тогаш можеби ќе бидете заинтересирани за новата верзија на Мудл - 1.9.
Заедницата Мудл претставува одличен пример за заедница за слободен софтвер. Секако, информациите за новата верзија 1.9 покажуваат колкав број на компании, универзитети (големи и мали), и поединци значително придонеле за натамошниот развој на Мудл. Локализацијата се одвива постојано во Мудл заедницата, а новите јазици во кои е локализиран Мудл се македонски, ерменски и монголски.
Извор: Мудл - Бесплатен систем со отворен код за управување со обуки и учење преку интернет
(3119 hits/посети) |
|