|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Признание за апликацијата „Пријава преку интернет“
|
|
|
|
Признание за апликацијата „Пријава преку интернет“ |
|
|
|
4.03.2008. |
|
Електронската апликација „Пријава преку интернет“ за вработување во државната
администрација е избрана за овонеделна
добра пракса на порталот за добри пракси од областа на еВладеење
(www.epractice.eu) и е воедно 38-мата апликација, од 810 поднесени,
кои го добија ова престижно признание.
За истакнување е фактот дека тоа е прва студија за еВладино решение од земја која не е членка на Европската унија.
“Во одлична соработка со Проектот за е-Влада на УСАИД и софтверската компанија Next Sense, успеавме да имплементираме електронски систем кој е бесплатен и е наменет за граѓаните на Република Мекедонија, нудејки им поедноставен и поефикасен начин за вработување во државните служби”, изјави Александар Угриноски, Државен советник за информатички технологии во Агенцијата за државни служненици (АДС).
“Причината зошто нашата апликација е одбрана за Добра пракса доаѓа од клучните придобивки на активното користење на системот, а тоа се: седум-кратно зголемување на просечниот број на пријавени кандидати по работно место во споредба со периодот пред користењето на апликацијата; континуиран пораст на бројот на пријави добиени преку интернет од 78% во 2006 година, 88% во 2007 до актуелните 93%. Надградбата на системот која стартуваше во септември 2007 го замени стандардниот начин на известување на кандидатите по редовна пошта, со праќање на известувања на електронска пошта (е-mail) и смс пораки. Само со оваа надградба им заштедивме приближно 440.000 денари на македонските даночни обврзници”, подвлече Угриноски.
Системот овозможува објавување на сите огласи за вработување во државната служба на интернет, пријавување на кандидатите преку интернет, целосно автоматизирање на позадинската работа на вработените во АДС, вклучувајќи и полагање на стручниот испит на специјален софтвер за тестирање.
Избор на уредникот (The Editor’s Choice) е признание кое ги истакнува и наградува добрите пракси кои се од особен интерес на ePractice.eu заедницата, првенствено заради нивниот квалитет - како на услугата која ја нудат, така и на проектот во целина и најважно од сè неговата иновативност и релевантност во областа на еВладините решенија.
ePractice.eu порталот е креиран од ЕУ и на него се нудат услуги на стручната јавност од земјите-членки на ЕУ, земјите кандидати, како и земјите на EFTA.
Извор: Агенција за државни службеници
(3403 hits/посети) |
|