|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Мајкрософт казнет со рекордни 899 милиони евра
|
|
|
|
Мајкрософт казнет со рекордни 899 милиони евра |
|
|
|
7.03.2008. |
|
Европската комисија изрече огромна казна поради непочитувањето на антимонополската пресуда од 2004 г.
Европската комисија го казни Мајкрософт со рекордни 899 милиони евра поради континуираното непочитување на антимонополската пресуда, изјави во средата Комесарот за конкуренција - Нели Крос.
Со последната казна, вкупниот износ на изречените казни „поради непочитување на законските обврски“ од страна на Мајкрософт достигна 1.7 милијарди евра. Последната казна е само разумен одговор на неразумното однесување на Мајкрософт“ изјави Крос на прес-конференцијата.
Минатиот октомври, Мајкрософт конечно ги исполни барањата од пресудата од 2004 г. Крос изјави дека последната казна – најголемата досега – се однесува на периодот до 22 октомври, 2007 г..
Софтверскиот гигант во изминатите четири години постојано се обидуваше да го избегне исполнувањето на дел од барањата во пресудата на комисијата со кои се наложуваше компанијата да ги открие комуникациските протоколи кои ги користи нејзиниот оперативен систем Виндоуз сервер за да можат другите произведувачи да произведуваат системи кои се компатибилни со Виндоуз
Последната казна Мајкрософт ја доби поради неиздавање на лиценци за тие протоколи на програмерите на софтвер со отворен код според цената која комисијата ја смета за реална.
Во соопштението на Мајкрософт се вели дека тие ја разгледуваат постапката на комисијата. „Во октомври 2007 г., комисијата објави дека Мајкрософт се придржува на одлуката од 2004 г., така што овие казни се за прашања кои веќе биле разрешени во минатото. Ние се фокусираме на чекори за подобрување на нештата во иднина “.
Во исчекување на други казни, минатата недела компанијата соопшти дека ќе ги направи најголемите напори досега за да им помогне на другите компании да ги приспособат своите продукти со цел да бидат интероперабилни со најпопуларниот софтвер на Мајкрософт, вклучувајќи го Виндоуз и канцелариските програми во кои спаѓаат Ворд, Пауерпоинт и Аутлук клиентот за е-пошта.
Комисијата реагираше со скептицизам, истакнувајќи дека претходно веќе слушнале слични ветувања, и додаде дека ова е само една од новите две постапки против монополот на бизнис праксите на Мајкрософт, кои беа покренати минатиот месец.
Двата нови случаи се потпираат на истите правни аргументи во пресудата од 2004 г.: во едниот се испитува несподелувањето на битни информации за постигнување на интероперабилност со Офис пакетот на Мајкрософт. Во другиот случај се испитува дали врзувањето на Интернет експлорер со оперативниот систем Виндоуз претставува прекршување на Законот против монопол.
Вториот случај е базиран на делот од пресудата во 2004 г. во врска со „пакувањето“ на медија плеерот заедно со Виндоуз. На Мајкрософт му беше наредено да продава друга верзија на Виндоуз во која не е вклучен медија плеерот. Компанијата го исполни тоа барање, но тоа беше оценето како бескорисно бидејќи втората верзија се продаваше по истата цена како и верзијата која содржеше медија плеер, па никој не ја купуваше.
Извор: Електронско издание на Вашингтон Пост, 27 февруари, 2008.
(3208 hits/посети) |
|