|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Меѓународен ден на слободното изразување на интернет
|
|
|
|
Меѓународен ден на слободното изразување на интернет |
|
|
|
11.03.2008. |
|
На 12-ти март, „Репортери без граници“ ќе го востанови Меѓународниот ден на слободното
изразување на интернет под покровителство на УНЕСКО.
„Репортери без граници“ ќе го востанови Меѓународниот ден на слободното изразување на интернет под покровителство на УНЕСКО на 12-ти март, денот на кој ќе ја организира и втората „24 часовна онлајн демонстрација против цензурата на интернет,“ повикувајќи ги корисниците на интернет да се придружат и да демонстрираат на нивниот веб-сајт.
Во моментот, вкупно 63 сајбер-дисиденти се во затворите низ светот затоа што го искористиле нивното право на слободно изразување на интернет. Кина и понатаму е најголемиот светски затвор за новинари и блогери на интернет.
Со цел да се осуди владината цензура на интернет и да се побара поголема слобода на интернет, „Репортери без граници“ ги повикуваат корисниците на интернет да им се придружат и да протестираат во онлајн верзиите на деветте земји кои се „непријатели на интернетот“ во период од 24 часа; од 11 часот на 12-ти март до 11 часот на 13-ти март (Централно европско време).
Секој што има пристап до интернет ќе може да постави слика, да избере порака за својот банер и да учествува во една од деветте сајбер-демонстрации (Бурма, Кина, Северна Кореја, Куба, Египет, Еритреја, Тунис, Туркменистан и Виетнам).
„Репортери без граници“ ќе го објави својот најнов список на “непријатели на интернетот“ заедно со новата верзија на Прирачникот за сајбер-дисиденти.
При воведувањето на првите „24 часа против цензурата на интернет“ минатата година, околу 40.000 корисници на интернет кликнаа на интерактивната мапа на светот за да помогнат во отстранувањето на „црните дупки на интернет“. Овој пат можеме да сториме уште повеќе за овој протест да биде успешен и да извршиме притисок врз владите кои се обидуваат да ги замолчат луѓето кои слободно го изразуваат своето мислење на интернет.
Оваа акција беше осмислена од рекламната агенција Сачи и Сачи. На интернет кружи оглас од кампањата со која се повикуваат корисниците на интернет низ целиот свет да се придружат и да учествуваат во 24-часовниот протест.
Извор: Репортери без граници
(3302 hits/посети) |
|