|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Критики до Европскиот парламент кој не користи отворени стандарди
|
|
|
|
Критики до Европскиот парламент кој не користи отворени стандарди |
|
|
|
13.03.2008. |
|
Отворен форум Европа, Европската асоцијација за софтверски пазар и
Фондацијата слободен софтвер Европа иницираа јавна петиција со која се
бара од Европскиот парламент да го промени својот ИКТ систем со цел да
се овозможи усвојувањето на отворени стандарди.
Во петицијата се посочува фактот дека преносот на интернет во живо од пленарните сесии на Европскиот парламент моментално им е достапен само на лицата кои го користат медија плеерот на Мајкрософт. Исто така, се чини дека членовите на Европскиот парламент „не можат да пристапат до документи со отворени стандарди, вклучувајќи го и ИСО стандардот за електронски канцелариски документи; Отворениот формат на документи (ODF) – примарниот формат за системот на канцелариски апликации.“
Греам Тејлор, извршниот директор на Отворен форум Европа изјави: „Придобивките од интернетот се резултат на отворените стандарди, слободата на пристап, учеството на сите, иновацијата, а не на комерцијалните ограничувања и монополот. Владата и парламентот треба да ја покажат способноста за лидерство преку обезбедување на целосно учество за сите граѓани.“
Во петицијата е наведено дека Законите на ЕУ за јавни набавки се засноваат на начелата за транспарентност и недискриминација, но примената на комерцијален софтвер со затворени формати во ИКТ системот на Европскиот парламент едноставно значи дека „Европскиот парламент зависи од само еден дилер и дека компаниите не можат слободно да се натпреваруваат за обезбедувањето на апликации и услуги.“
Питер Хинтјенс, Генерален секретар на Есома објаснува: „Малите бизниси се ориентираат кон модерни отворени стандарди како Отворениот формат на документи, но за да им пишат на европарламентарците треба да повторно да се префрлаат на старите комерцијални формати? Европскиот парламент треба да биде предводник во отвореното управување, започнувајќи со воведувањето на отворените стандарди за документи и снимки.“
Петицијата е поддржана од Партијата на зелените во Европскиот парламент. На прес-конференцијата одржана на 6-ти март, членот на Партијата на зелените во ЕП – Дејвид Хамерстајн, портпарол на зелените во Комитетот за петицијата изјави: „Европскиот парламент треба да го практикува она што го „проповеда“. Ние ја поддржуваме петицијата за „отворен парламент“ бидејќи веруваме дека моменталната состојба со монополот на Мајкрософт има негативно влијание на инклузивната демократија, иновацијата и конкуренцијата.“
Ева Лихтенбергер, потпретседателот на Партијата на зелените во ЕП,ја прошири оваа тема и во однос на монополите на интернет: „Се соочуваме со навистина проблематична ситуација на интернет и кога станува збор за хардверот: Монополите стануваат се повлијателни – последните вести за преземањето на ДаблКлик од страна на Гугл и можното преземање на Јаху од страна на Мајкрософт се два такви примери. Монополите имаат тенденција да ја губат флексибилноста и конечно – да ја блокираат иновацијата.“
Последната декларација е во согласност со неодамна усвоената Декларација за „Стандардите и иднината на интернетот“ усвоена во Женева на 25 февруари 2008 г. од учесниците на конференцијата на Отворен форум Европа.
Потписниците ја поддржуваат идејата според која “Отворените стандарди веќе го зајакнуваат успехот на интернетот, и дејствуваат како пример на пазарот за тоа што е важно, и што ќе биде возможно кога ќе се отвори патот за неограничена конкуренција и иновација.“ Поради тоа, тие бараат да се одржи сегашната отвореност и интегритетот на интернетот.
Петиција „Отворен парламент“ до Европскиот парламент во врска со импликациите за ограничувања на ИКТ во однос на инклузивната демократија и конкуренција
Усвоена декларацијата за отворени стандарди на интернет
Декларација „Стандардите и иднината на интернетот“
Поднесена жалба до Европскиот парламент за користење исклучиво на системите на Мајкрософт
Нова петиција за отворени стандарди во Европскиот парламент
Партијата на зелените апелира за ставање крај на монополот на Мајкрософт во европските институции
Извор: ЕДРИ-грам - „Критики до Европскиот парламент кој не користи отворени стандарди“ бр. 6.5, 12 март, 2008.
(3422 hits/посети) |
|