Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
Соопштение на ЕДРи Испечати Е-пошта
18.03.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
На 11 март 2008 г., Виj Оксанен, застапувајќи го ЕДРи во Постојаниот комитет за авторски и сродни права при Светската организација за интелектуална сопственост, даде изјава околу ограничувањата и исклучоците во однос на авторските права.

„Европски дигитални права (ЕДРи) застапува 28 организации за граѓански права и права на приватност од 17 земји низ Европа. Бидејќи ова е прв пат да претседава ЕДРи, ви честитаме на вашиот избор.

Очекувано, ние го поддржуваме започнувањето на работата што најверојатно би довело до нов меѓународен инструмент за ограничувањата и исклучоците од авторски права, така што ЕДРи го поддржува предлогот на почесниот делегат од Чиле.

Сепак, ЕДРи цврсто верува дека секој нов инструмент треба силно да се фокусира (како дел од најдобрите практики) на правата на обичните граѓани – покрај правата на професионалните или институционални корисници кои традиционално ја заземаат централната фаза за време на овие дискусии за ограничувања и исклучоци.

Една од клучните причини за ова е тоа што вредноста на сите видови на потрошувачки добра сега се повеќе е базирана на софтверот и содржината, а не толку на хардверот. Како резултат на тоа, авторските права треба да функционираат во хармонија со регулативата за заштита на потрошувачите. Од наша перспектива, би било најлогично да се соочиме со овој предизвик во системот за заштита на авторските права на меѓународно ниво. Ова всушност значи дека предложеното истражување исто така треба да понуди и одговори на прашањата од типот на „дали е во ред да се пробие твојот ајфоун дури ако тоа значи правење на изведена копија од софтверот“ и „дали е легално да се создадат алатки кои им помагаат на клиентите да префрлаат мапи од својот стар навигатор во некој нов иако договорите за лиценцирање го забрануваат тоа“. Колку што знаеме, одговорите на ваквите прашања се уште не се јасно утврдени во некои јуриздикции и затоа би требало да се насочи вниманието кон глобалната хармонизација во иднина.

Конечно, членовите на ЕДРи навистина би сакале да видат такви ограничувања и исклучоци чијашто цел е да се заштити слободниот говор (на пример пародија и сатира, цитирање на критики, користење на делата во вестите) да бидат во голем степен вклучени во тој процес. Авторските права во минатото претставуваа алатка за цензура и потиснување на контроверзните мислења – се надеваме дека новиот инструмент би можел да биде алатка за искупување од ова црно минато.“

Постојан комитет за авторски и сродни права при Светската организација за интелектуална сопственост: Шеснаесетта седница

 

Извор: ЕДРИ-грам „Соопштение на ЕДРи“ бр. 6.5, 12 март, 2008.


(2583 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]