|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Глобал Војсис: Добредојде во Lingua фамилијата за македонскиот, албанскиот и германскиот јазик
|
|
|
|
Глобал Војсис: Добредојде во Lingua фамилијата за македонскиот, албанскиот и германскиот јазик |
|
|
|
18.03.2008. |
|
Global Voices Lingua со задоволство ви го најавува официјалниот старт на македонскиот , албанскиот и германскиот јазик. Со ова се започнува ново поглавје.
Од отпочнувањето на Lingua, Global Voices успеа да собере огромна група
на уредници-ентузијасти и волонтери кои ја преведуваат својата пасија
во зборови. Поради нивните драгоцени напори, Global Voices е достапен
за повеќе луѓе и на повеќе јазици низ светот. Исто така, Lingua ја
прикажува разновидноста и разнообразноста на повеќејазичната глобална
мрежа.
Овие преведувачи (не е машински превод!) го придонесуваат своето
време и интелигенција за да ја исполнат мисијата на Global Voices – да
се „осврнува кон места и луѓе коишто останатите медиуми често ги
игнорираат “. Со помош на преведувачите се привлекува нова публика на
Global Voices.
Сега, Lingua има дузина верзии на кои се преведува. Секако, ова не е
доволно! Постојат многу други јазици кои сè уште не се покриени со
Lingua и ова е целта кон која што се движи Global Voices. Се повеќе
јазици ќе се појавуваат. Добредојдени сте да се приклучите! Ако сте
заинтересирани да се вклучите, посетете ја страницата на Lingua за повеќе информации и контакти.
Извор: Глобал Војсис на македонски, 18 март, 2008
(3801 hits/посети) |
|