|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Вести Гугл ја склучи зделката со Даблклик откако ЕК го одобри преземањето
|
|
|
|
Гугл ја склучи зделката со Даблклик откако ЕК го одобри преземањето |
|
|
|
19.03.2008. |
|
На 11 март 2008, Европската комисија (ЕК) соопшти дека ја одобрила
зделката меѓу Гугл и ДаблКлик по спроведувањето на истрагата според
регулативата на ЕУ за здружување.
Во одлуката на ЕУ се зема предвид тоа што „Гугл и Даблклик не си поставувале големи конкурентски ограничувања во меѓусебните активности, така што тие не се сметаат за конкуренти во моментот. Дури и доколку Даблклик стане успешен конкурент во услугите на посредување преку интернет, веројатно другите конкуренти ќе продолжат да вршат доволен притисок и по спојувањето на двете компании. Поради тоа, Комисијата заклучи дека елиминацијата на Даблклик како потенцијален конкурент не би имала негативно влијание врз конкуренцијата на пазарот за маркетинг со посредство на интернетот.“
Исто така, комисијата откри дека жалбите на Мајкрософт не биле правилни и соопшти дека присуството на компанијата на пазарот е знак дека новиот ентитет „не би имал способност да се вклучи во стратегии насочени кон маргинализирање на конкурентите на Гугл, главно поради присуството на доверливи алтернативи за испорака на огласи на кои можат да се префрлат клиентите (издавачи/маркетинг агенти/мрежи за огласи), а особено вертикално интегрираните компании како што се Мајкрософт, Јаху! и АОЛ.“
Европската комисија образложува дека за одлуката не биле земени предвид жалбите во однос на законодавството на ЕУ за приватност и лични податоци, како жалбата што беше поднесена од Прајваси интернешнл. Исто така, проблемите за потрошувачите кои произлегоа од здружувањето – како на пример профилирањето на нивното однесување, како што е посочено од Организацијата на европските потрошувачи, не беа опфатени со одлуката на Комисијата.
Здружувања: Комисијата го одобрува предложеното преземање на Даблклик од Гугл
Гугл добива одобрение од Комисијата и ја склучува зделката со Даблклик
Извор: ЕДРИ-грам - „Гугл ја склучи зделката со Даблклик откако ЕК го одобри преземањето“ бр. 6.5., 12 март, 2008.
(4820 hits/посети) |
|