Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна
ТОП ВЕСТ
Srekni Praznici

Прв работен ден на фондацијата Метаморфозис во новата година ќе биде 12-ти јануари.

 

Широкопојасен интернет - ЕУ пред САД Испечати Е-пошта
20.03.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Скандинавските земји имаат предност во однос на стапката на прифаќање на широкопојасниот интернет, додека најбрзо се развива мобилниот широкопојасен интернет.

Во осум европски земји пенетрацијата на широкопојасниот интернет изнесува повеќе од 22 проценти, со што тие им го одземаат приматот на САД, се вели во 13-от извештај на Европската комисија за напредокот на телекомуникацискиот пазар.

Данска е на врвот на листата - 35.6 проценти од домаќинствата имаат пристап до услуги на широкопојасен интернет. Во Финска, Холандија и Шведска надминуваат 30 проценти.

Според комисијата, Велика Британија, Белгија, Франција и Луксембург исто така предничат пред САД.
Бугарија има најниска стапка на пенетрација меѓу земјите-членки на Европската унија, со 7.6 проценти.

Во текот на минатата година се воспоставија 19 милиони нови линии за широкопојасен интернет, со што севкупната пенетрација достигна 20 проценти.
Но, широкопојасниот интернет преку фиксна линија не беше единствената комуникациска услуга којашто постигна напредок во текот на минатата година. Пенетрацијата на широкопојасниот мобилен интернет достигна 122 проценти, во споредба со 103-те проценти во 2006 г. Истовремено, се удвои пенетрацијата на 3Г мобилната телефонија и мобилните услуги за податоци се покачија за 40 проценти.

Според Вивиен  Рединг, комесарот за телекомуникации на ЕУ, Европската унија игра важна улога и има делумна заслуга за континуираниот развој. Но, таа исто така вели дека нејзината работа не е завршена. Носителите на функции треба да очекуваат уште поголем притисок во иднина.

„Се ограничува пристапот на конкуренцијата до фиксната мрежа која се уште ја користат 86.5 проценти од корисниците“ изјави Рединг.

Извор: ПЦВорлд - „Европските земји предничат пред САД во однос на широкопојасниот интернет“ 19 март, 2008.


(3911 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]