|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
Насловна Активности Донација на книги за Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје
|
|
|
|
Донација на книги за Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје |
|
|
|
19.02.2008. |
Скопје (20.02.2008) – Фондацијата Метаморфозис донираше поголемо количество списанија и книги во архивата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, со цел да овозможи поширок пристап на јавноста до оваа граѓа.
Меѓу списанијата донирани во одделот за периодика се наоѓаат примероци од неделниците Форум, Фокус, Зум, Дело, Денес, Неделно Време и Капитал, како и компјутерски списанија на македонски и хрватски јазик кои Фондацијата ги има користено преку претплата во рамките на својата дејност како институција за истражувања и развој на применети политики.
Поголем дел од книгите се од едицијата „за почетници“ и се однесуваат на основни компјутерски вештини за оперативни системи и апликации кои се во употреба во Македонија.
Целта на оваа донација е сочуваниот изворен материјал да се направи достапен на пошироката јавност, особено на истражувачите од областа на информатичко општество и општествени науки, преку мрежата на јавни библиотеки.
Информациите и знаењата собрани од Фондацијата Метаморфозис се достапни за јавноста преку нејзиниот веб-сајт, на кој се објавуваат вести од областа на информатичко општество од земјата и светот, на македонски и англиски и преку превод во обете насоки, извештаи и анализи во форма на е-книги, а и преку јавните настани и обуки кои Фондацијата ги организира.
(4873 hits/посети) |
|