|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
|
e-Society.Mk 2008
Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година.
Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија
Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална
иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна
да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за
информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се
одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат
на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и
работилници посветени на содржините.
|
|
|
|
|

|
|
Одбележување на денот на слобода на документите |
|
|
|
25.03.2008. |
|
Оваа среда СподелиКино великодушно отстапува термин за една кратка презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во рамките на СподелиЗнаење.
Оваа манифестација ќе се одржи на 26 март, 2008 г. во повеќе земји во светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер.
Целта е да се подигне свеста за употребата на отворени стандарди и
документи кои ќе можат да се употребуваат на која било платформа во
секое време.
Слободата на документите претставува користење на отворени формати
кои се базираат на отворени стандарди, а со тоа вашите податоци
остануваат засекогаш под ваша контрола и ниеден неслободен формат не
може да ги зароби.
Програма за оваа среда:
- вовед за Денот на слобода на документите
- презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? Како до нив?)
- практични
примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со неслободните
документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и повеќе од
тоа
- прашања и одговори
Настанот ќе се одржи во Културниот центар „Точка“ на 26 март, 2008 г., во 20 часот.
Извор: Блог СподелиЗнаење - „Одбележување на денот на слобода на документите“ 24 март, 2008.
(3481 hits/посети) |
|