Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Одбележување на денот на слобода на документите
Одбележување на денот на слобода на документите Испечати Е-пошта
25.03.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот

Оваа среда СподелиКино великодушно отстапува термин за една кратка презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во рамките на СподелиЗнаење.

Оваа манифестација ќе се одржи на 26 март, 2008 г. во повеќе земји во светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е да се подигне свеста за употребата на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваат на која било платформа во секое време.

Слободата на документите претставува користење на отворени формати кои се базираат на отворени стандарди, а со тоа вашите податоци остануваат засекогаш под ваша контрола и ниеден неслободен формат не може да ги зароби.

Програма за оваа среда:

  • вовед за Денот на слобода на документите
  • презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? Како до нив?)   
  • практични примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со неслободните документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и повеќе од тоа   
  • прашања и одговори

Настанот ќе се одржи во Културниот центар „Точка“ на 26 март, 2008 г., во 20 часот.

Извор: Блог СподелиЗнаење - „Одбележување на денот на слобода на документите“ 24 март, 2008.


(3484 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]