|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
|
e-Society.Mk 2008
Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година.
Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија
Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална
иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна
да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за
информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се
одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат
на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и
работилници посветени на содржините.
|
|
|
|
|

|
|
Бесплатна онлајн верзија на Фотошоп |
|
|
|
27.03.2008. |
Адоуб денес ја објави бесплатната онлајн верзија на неговата популарна апликација Фотошоп.
Апликацијата Фотошоп Експрес изработена во флеш-технологија претставува скратена верзија на Фотошоп која им овозможува на корисниците да ги зачувуваат и да ракуваат со нивните слики на интернет. Бидејќи Фотошоп Експрес е апликација изработена во флеш-технологија, таа ќе биде компатибилна со повеќето оперативни системи, вклучувајќи го Линукс, Мек ОС и Виндоуз.
Повеќето од напредните карактеристики на Фотошоп, како на пример слоеви и додавање на текст не се вклучени во Фотошоп Експрес кој е приспособен кон обичните корисници кои едноставно сакаат нивните фотографии да изгледаат подобро. Со Фотошоп, меѓу другото, лесно е да се сечат и ротираат сликите, да се обележуваат, да се поправи експозицијата и да се приспособат нијансите.
Со регистрирањето на сајтот на Фотошоп Експрес, корисниците добиваат до 2 гигабајти простор за податоци на сличен начин како корисниците на Фликр. Просторот за чување податоци се синхронизира со Фејсбук , Мајспејс и Пикаса што значи дека корисниците можат да вадат слики од тие албуми и директно да ги менуваат. Синхронизирањето со Фликр ќе биде овозможено за неколку недели.
Извор: Тектоник „ Бесплатна онлајн верзија на Фотошоп“ 27 март, 2008.
(3899 hits/посети) |
|