|
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
|
|
|
Насловна
|
|
ТОП ВЕСТ |
|
e-Society.Mk 2008
Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информациско-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот . Рокот за пријавување е до 16 часот на 1 декември 2008 година.
Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија
Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална
иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна
да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за
информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се
одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат
на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и
работилници посветени на содржините.
|
|
|
|
|

|
|
14 македонски блогери промовираа печатени книги |
|
|
|
28.03.2008. |
|
Денес, со почеток во 14 часот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа промоција на 14 книги чии автори се некои од најпопуларните блогери кои ја користат македонската блог платформа „Блогерај“.
Настанот го отвори директорот на библиотеката Филип Петровски, додека свое видување за случувањето дадоа уредникот на „Блогерај“, Сашо Мацановски-Трендо и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми. Актерката Јелена Мијатовиќ прочита избрани постови од сите 14 блогери, за публиката да се запознае со стилот кој го негува секој од нив. Постовите на блогерите се во форма на раскази, лични видувања на разни теми, патописи и прозни дела. Поради нивната популарност помеѓу блогерите, како и поради нивната оригиналност, постовите на овие 14 блогери се избрани и обединети во една блог едиција и издадени од страна на издавачката куќа „Аквариус пет“. Сите 14 книги се во Б6 формат, а нивната содржина се простира на 60-120 страници. Посетеноста на настанот беше изненадувачки голема, а публиката скоро го преполни холот на Библиотеката. Беа изложени повеќе копии од книгите на блогерите, кои оттука можеа да се купат по цена од 100 денари. Издавањето на книгите на блогерите има за цел да ги доближи најуспешните помеѓу нив повеќе до читателската публика која не секогаш или барем нецелосно, се совпаѓа со публиката на нивните блогови. (4592 hits/посети) |
|