Македонски

14 македонски блогери промовираа печатени книги PDF Печати Е-пошта
28.03.2008
Денес, со почеток во 14 часот, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа промоција на 14 книги чии автори се некои од најпопуларните блогери кои ја користат македонската блог платформа „Блогерај“.

 

Настанот го отвори директорот на библиотеката Филип Петровски, додека свое видување за случувањето дадоа уредникот на „Блогерај“, Сашо Мацановски-Трендо и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми. Актерката Јелена Мијатовиќ прочита избрани постови од сите 14 блогери, за  публиката да се запознае со стилот кој го негува секој од нив. Постовите на блогерите се во форма на раскази, лични видувања на разни теми, патописи и прозни дела. Поради нивната популарност помеѓу блогерите, како и поради нивната оригиналност, постовите на овие 14 блогери се избрани и обединети во една блог едиција и издадени од страна на издавачката куќа „Аквариус пет“. Сите 14 книги се во Б6 формат, а нивната содржина се простира на 60-120 страници.

 

Посетеноста на настанот беше изненадувачки голема, а публиката скоро го преполни холот на Библиотеката. Беа изложени повеќе копии од книгите на блогерите, кои оттука можеа да се купат по цена од 100 денари.

Издавањето на книгите на блогерите има за цел да ги доближи најуспешните помеѓу нив повеќе до читателската публика која не секогаш или барем нецелосно, се совпаѓа со публиката на нивните блогови.

 

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5