Е-Билтен

Претплатете се за да го добивате нашиот месечен е-билтен.

Subscribe to receive our monthly e-newsletter.







Valid XHTML 1.0 Transitional

Creative Commons License

Labeled with ICRA

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Нејзини главни цели се развој на демократијата и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.
Насловна arrow Вести arrow Европска комисија: проактивна примена на софтвер со отворен код
Европска комисија: проактивна примена на софтвер со отворен код Испечати Е-пошта
31.03.2008.
Сподели:
Delicious
Digg
Stumble
Кајмакот
Европската комисија објави дека ќе ја зголеми примената на софтвер со отворен код во ИКТ проекти.

За сите нови фази на развој, во кои странките вон инфраструктурата на комисијата предвидуваат што ќе се користи, софтверот со отворен код ќе се претпочита како платформа за развој и употреба.

Валери Ремпи, портпарол на Сим Калас, Европскиот комесар за управни работи, за опсерваторијата на софтвер со отворен код -ИДАБЦ изјави дека објавувањето на стратегијата е главно наменето „за информативни цели“.

Во новиот стратешки документ на Комисијата, која го поддржуваше софтверот со отворен код од 2000 г., се објаснува дека софтверот со отворен код треба да се поддржува доколку не чини повеќе и е во најдобар интерес на европските граѓани.

Комисијата одлучи дека „за сите идни настани и процедури на набавки во областа на ИТ, комисијата ќе ја промовира употребата на производи кои ги поддржуваат отворените, добро документирани стандарди. Интероперабилноста е многу важно прашање за Комисијата, а користењето на добро утврдените отворени стандарди е клучен фактор за нејзино постигнување и спроведување.“

Според Блумберг Њуз, одлуката може да се сфати како потенцијален неуспех за Мајкрософт кој „се обидува да спречи зголемен број на миграции на владите од комерцијален софтвер кон софтвер од програмери на софтвер со отворен код, на кои им е дозволено да го менуваат изворниот код на софтверот, или основните инструкции.“

Но, програмерите на софтвер со отворен код се повеќе од задоволни со резултатот: Се врши се поголем притисок врз комисијата за промовирање на софтвер со отворен код,“ објасни Карло Пијана, адвокатот на Фондацијата слободен софтвер Европа.

Фондацијата слободен софтвер Европа исто така се обидува да ги убеди другите тела на Европската унија да го применат софтверот со отворен код и отворени формати. Во јавната петиција од почетокот на март 2008 г., Фондацијата слободен софтвер Европа побара од Европскиот парламент да го примени во пракса тоа што всушност го проповеда, и да изврши промена на својот ИКТ систем за да дозволи усвојување на отворени стандарди.

EU: European Commission to increase its use of Open Source(11.03.2008)

EDRi-gram: European Parliament criticized for not using open standards (12.03.2008)

EU to consider buying open-source software (5.03.2008)

Open Source Software within the European Commission - a co-ordinated strategy

Извор: ЕДРИ-грам „European Commission: pro active in using open source software" Number. 6.6, Mar. 26, 2008


(3572 hits/посети)
 
< Претходно   Следно >
Digg!

Metamorphosis.org.mk - Powered by Joomla! [map] [rss]